Времето на годишни одмори е во тек. Некои се одлучуваат за море, а некои ја сакаат планината.

Родителите што неодамна добиле бебе често се прашуваат дали патувањето на некој начин може да му наштети на здравјето на бебето, па за оваа тема совети доделува доктор Драгана Јевтиќ, педијатар и хематолог од Србија, која објаснува како изгледа безбедно патување со најмалечките и кога е сигурно и безбедно да одиме на море со бебе.

– Тука има различни ставови. Зависи многу од тоа каде го водите бебето, дали таму има домашна атмосфера и услови како дома или тоа е хотелско, или, пак, апартманско сместување на кое нешто сигурно му недостига. Постојат и многу ригорозни ставови – дека децата до првата година не треба да ја менуваат својата средина. Јас не се држам до тој цврст став и сметам дека децата од 6 месеци можат да одат каде било ако родителите добро се подготват, а можат и порано ако одат во некое познато опкружување – вели докторката.

Кога се работи за патување со бебе на планина, една мајка оставила коментар дека нејзиното бебе по посетата на една планина добило астма. Докторката одговара и на прашањето дали е можно планината на кој било начин да го наруши здравјето на бебето.

– Тоа е невозможно. Не може одењето на некое место да предизвика нешто. Тоа се главно предрасуди. Треба да се земе предвид и многу добро да се следи историјата на бебето, како се родило, какво било породувањето, состојбата подоцна, дали бебето имало некој проблем по раѓањето, дали е склоно на инфекции и астматични напади. Апсолутно нема причина планината да предизвика штета на здравјето на бебето, но повторувам, кое било патување што родителите паметно ќе го испланираат не може да биде штетно. Важно е да имате сè што му е потребно на бебето, кое во првите месеци има доста барања, особено додека не почне да јаде. На родителите што одат на одмор со бебиња кои имаат 5 или 6 месеци ги советувам да го одложат воведувањето  мешана исхрана додека не се вратат од одмор – вели докторката.

– Приспособувањето на некои основни работи за бебето е неопходно. Важно е да го почитувате ритамот на бебето, а тој мора биде трезвено избран, што не значи сите во домот да се приспособуваат на бебето. Во првите месеци бебето е најподложно на учење, па најважна е добрата организација на времето, заклучува д-р Драгана Јевтиќ.

Автор: Бојана Крстиќ



912

X