Лежењето на грб е првата позиција што го задоволува детето. Дознајте кое е вистинското време за бебето да лежи на стомак.

Најголемиот страв на родителите кога се работи за бебето е стравот од задушување. Се плашат  да го стават детето на стомак бидејќи мислат дека во таа положба ќе го изгуби здивот. Поради тоа, лежењето на грб е положба која многу родители ја практикуваат. Но, нема причина за загриженост, а камоли за паника.

Нема да го ставите бебето да лежи на стомак, па да одите и да работите нешто друго. Значи, кога ќе одлучите да го ставите бебето на стомак, бидете покрај него, следете ги неговите движења, помогнете му да се чувствува удобно. Ако забележите дека на бебето не му се допаѓа оваа позиција или ако почне да плаче, ставете го на грб.

Тоа значи дека сè уште не е подготвено да лежи на стомак.

Значи, вистинско време за лежење на стомак е кога детето ќе го одреди тоа. Кога е време за тоа, зависи од неколку факти: дали бебето е предвреме родено, дали имало компликации при раѓањето, растот и развојот на во првите месеци и уште многу повеќе. Природата се грижи за децата, немојте да го заборавите тоа.

Еве и зошто: во моментот кога вашето дете лежи на стомак, вродениот инстинкт го присилува да диши. Така на почетокот детето ќе ја мрда главата лево-десно за да пронајде излез. Поголемото бебе ќе ги користи рачињата и ќе се обиде да се потпре на нив. Ова е процес кој не може и не би требало да се спречи.

Добрата страна на лежењето на стомакот е тоа што бебето на овој начин ги зајакнува мускулите, не само мускулите на грбот туку и на стомакот. Како точно да дознаете кои мускули ги користи, еве мал тест: легнете на стомак и обидете се да ги користите рацете за да се подигнете. Набљудувајте кои мускули ги активира оваа вежба. Истите мускули ги вежба и вашето дете.



912

X