До одредена предучилишна возраст, децата генерално немаат никакви филтри за тоа што ни го кажуваат. Понекогаш посакуваме толку многу да ги имаат и да не мораме да ја слушаме секоја работа што ќе им падне на памет.
Понекогаш посакуваме да не мора да го слушаме секој детаљ што воопшто не би сакале да го знаеме. И знаеме колку децата можат да бидат опширни и детални – особено кога раскажуваат за нешто грозно и одвратно.

Но, кога ќе стигнат до одредена возраст, кога ќе почнат да одат на училиште, некако како да престануваат да споделуваат сè. И тогаш ни станува важно да знаеме сè. Некако се навикнуваме да не ни кажуваат сè, а со текот на времето дури и се чини дека малку престануваме да слушаме.

Токму со почетокот на одењето на училиште сакаме децата да ни кажуваат многу работи, но не секогаш знаат како. Ако нешто им пречи многу, им е потребно време за да ни се приближат, а потоа да започнат разговор, односно да ни го свртат вниманието кон себе, па дури потоа да кажат што им пречи. Ако во моментот не се чувствуваат доволно безбедно, можеби на крајот нема ни да кажат што ги мачи.

Овие реченици се издвоени од експертите за детско ментално здравје како реченици кои никогаш не треба да се игнорираат доколку ги слушнеме од устата на децата.

  • Сакам да разговарам со тебе.
  • Имам нешто да споделам со вас.
  • Дали имаш време за…
  • Дали би ме сакал/а без разлика на сè?

Кога ќе слушнете една од овие реченици, внимателно слушајте го вашето дете, заблагодарете му се што споделило некои работи со вас и потврдете ја вашата љубов кон него.

Секако, може да се случи кога ќе ви пријде, да немате време или да не ви е згодно да разговарате. Ако ви пријде во време кога не можете да зборувате, погрижете се детето да знае дека тоа што има да го каже е важно за вас. Погледнете го в очи и кажете му: – Те слушам и сакам да слушнам повеќе. Можеме ли да почекаме 20 минути додека не завршам со телефонскиот разговор, па тогаш да седнеме и да разговараме за она што те мачи.

Секогаш кога детето ќе сподели со вас некоја длабока тајна, чувство или нешто што го мачи, треба да му се заблагодарите што го споделило тоа со вас и да му покажете колку ви значи, посветувајќи му го целото внимание. Така следниот пат ќе сподели нешто што му пречи, а тоа е патот до целосна доверба во вас.

Извор



912

X