Марио Петров, оптометрист

Марио Петров, оптометрист

веб: www.optometrija.mk

Повеќе од авторот

Раното откривање на проблемите може да биде од клучно значење

Како родител, сигурно се прашувате дали вашето дете има проблеми со видот или кога треба да закажете прв преглед за видот на вашето дете?
Прегледот на видот кај децата е исклучително важен. Дури 5-10 проценти од децата во предучилишна возраст и 25 проценти од децата на училишна возраст имаат проблеми со видот. Раното откривање на проблемите може да биде од клучно значење бидејќи децата подобро реагираат на лекувањето ако проблемот со видот се дијагностицира порано.

Првиот целосен очен преглед кај децата треба да се направи на возраст од 6 месеци. Потоа, очниот преглед треба да се повтори на возраст од 3 години, и пред да почне да оди во прво одделение.
За децата на училишна возраст се препорачува повторување на очниот преглед на секои две години ако кај детето нема дијагностицирано проблеми со видната острина. Децата што имаат потреба да носат очила треба да прават очен преглед еднаш годишно или по препорака од нивниот офталмолог.

Текот на самиот преглед зависи од возраста на детето, но главно се разгледува семејната историја, се тестира видната острина, а и се проценува дали има потреба од очила, окуларни испитувања, процена на здравјето на очите. Доколку е потребно, се препишува соодветната диоптрија.
Вашиот офталмолог најпрво ќе праша дали мајката имала компликации во текот на бременоста или при породувањето. Други прашања ќе се однесуваат на евентуалната историја на болеста на вашето дете, вклучувајќи ги и лековите што се користат во моментот, како и постоење на алергии.

Офталмологот исто така ќе биде заинтересиран дали вашето дете има проблеми со очите и дали до минатото му била извршена некаква операција на очите. Важен податок е и дали вашето дете веќе носи очила, доколку не се работи за прв очен преглед.
Не заборавајте да го информирате офталмологот за семејната историја на болест на очите, како што е потребна корекција на видната острина предизвикана од кратковидост (Myopia) или далековидост (Hypermetropia), присуство на страбизам кај членовите на потесното семејство или присуство на очни болести.



912

X