За повеќето од нас шминката е секојдневна рутина, а многу често преокупација и на нашите ќерки. Од продавници до парфимерии, па сè до видеа на „Јутјуб“, шминката ја има насекаде. Но, мора да се земе предвид дека сите тие кремови, пудри, кармини, практично поставија идеал, или слика, за тоа како убавината и женственоста би требало да изгледаат. Поради тоа, начинот на кој зборуваме со нашите ќерки за шминкањето е многу важен чекор во животот на детето.
Докторката Ненси Шерман и докторката Фран Волфиш ги советуваат родителите како да изгледа тој разговор.
Некогаш најтешкиот дел од родителскиот разговор со детето е токму одредувањето на моментот за најсоодветниот почеток на дијалог. Според зборовите на двете докторки, тој разговор за шминката не морате вие да го започнете. Наместо тоа, оставете ја ќерката сама да почне. Сепак, родителот би требало да размисли и за својот однос кон козметиката. Можеби би било добро да ги истражат сопствените причини за користење или некористење на шминката пред да дојде до разговорот.
Сфаќањето на нашите методи и мотивација може да ни помогне да создадеме добра рамка на свест за здрава дискусија со сопствената ќерка. Тоа ќе ни помогне и во доаѓањето во прв допир со шминката на ќерката, за тој да биде позитивен наместо комплициран. За децата е типично да си играат со облека и шминки. Иако ви е можеби тешко да поверувате, но освен цртаните ликови и другарчињата од градинка, вие сте им најголемото влијание и модел преку кој го набљудуваат светот, како и самите себе во тој свет. Затоа, од големо значење е да кажете „сакам да се нашминкам“ наместо „морам да се нашминкам“. Многу е важно на детето да му се испрати порака дека шминкањето е право на избор на секој.
Докторките истакнуваат дека е многу важно да не се присилува детето на шминка, ако самото не е заинтересирано за тоа. Родителите не би требало да кажуваат нешто што би наведувало на тоа дека изгледот на детето е проблематичен без шминка, како и да го избегнуваат коментарот дека детето подобро изгледа со шминка.
Меѓу девојчињата што покажуваат интерес за шминка, кога ќе почнат да го прават тоа зависи од самата личност, но и од дополнителни активности. Д-р Шерман вели дека, на пример, за девојчињата што се занимаваат со танц шминката е составен дел од нивните настапи. Како резултат на тоа, може да се зголеми нивниот интерес. Додека младите се заинтересирани за шминка само додека играат, подоцна доаѓа до разговорот за вистинското користење на шминката. Одлуката на родителите за тоа дали ќе дозволат или ќе го ограничат користењето шминка е лично и се разликува од семејство до семејство.
Каква било дискусија што е во врска со полот и прикажувањето пред другите, всушност, претставува социјален, но и личен товар. Во секој случај, дишете длабоко, погледајте се добро во огледало и појаснете му на детето дека шминката е забава, а ако нему тоа не му е забавно, тогаш едноставно нека не се шминка.