Игротека

Кога да направите тест за бременост?

За да направите тест за бременост, најдобро би било да почекате додека не ви задоцни месечниот циклус. Тестовите за бременост што можете да ги купите во аптеките добро функционираат. Меѓутоа, ако сакате да дознаете порано, ќе наведеме уште неколку работи што би можеле да ги разгледате при изборот на време за тестирање.

Овулација, зачнување и имплантација

Секоја жена е различна, додека времето што е потребно за да се стави оплодената јајце-клетка во матката може да варира. Најчестата заблуда е дека имплантацијата се јавува 7 дена по зачнувањето. Имено, истражување покажа дека првиот знак на хормон за бременост HCG, како резултат на имплантација, се јавува 6-12 дена по овулацијата, при што 84 отсто од бременостите имаат имплантација која се јавува помеѓу 8 и 10 дена по овулацијата.

Ако вашиот тест за бременост не е позитивен, тоа не мора да значи дека не сте бремени. Можеби сте имале овулација подоцна (што значи дека зачнувањето и, следствено, производството на HCG-хормони не се случило како што сте пресметале), или вашиот процес на имплантација трае подолго од просекот.

Чувствителност на тестовите за бременост

Чувствителноста на денешните тестови за бременост може да варира. Колку е почувствителен тестот, толку е поголема шансата да ја открие вашата бременост пред да треба да го добиете месечниот циклус. Чувствителноста на тестот за бременост значи дека може да открие пониски нивоа на хормонот HCG. На пример, некои тестови можат да откријат 20 mIU на хормонот HCG, додека други откриваат бременост само на 150-250 mIU. Ова значи дека тестовите што можат да откријат помали количини на хормони ќе ви дадат позитивен резултат порано од другите тестови.

Тест кој е чувствителен на 20 mIU на хормонот HCG може да открие бременост 6-8 дена по овулацијата (секако, доколку се појавила имплантација), но многу мал процент жени може да направат позитивен тест толку рано. Овој процент се зголемува кај жени кои го направиле тестот на деветтиот или десеттиот ден по овулацијата.

Исто така, секогаш можете да се консултирате со вашиот гинеколог кој тест за бременост е најдобро да се направи. Кога тестот за бременост е позитивен, следниот чекор е дефинитивно посета на гинеколог и закажување ултразвук, за бременоста да може официјално да се потврди.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top