Одлуката да основате семејство е најтешката и најважна одлука што можете да ја донесете во животот. Последниве години се забележува растечки тренд каде што младите одложуваат или одлучуваат дека воопшто не сакаат да станат родители, туку се свртуваат кон себе и некои други радости во животот. Секој знае дека да се има деца може да има и негативни и позитивни ефекти врз бракот. Затоа е важно да ставите сè на „хартија“ пред да донесете одлука која суштински ќе ви го промени животот. Ова е писмо од една постара жена која одлучила да нема деца со својот партнер.

„Почитувани млади луѓе,

Бев во брак повеќе од 50 години. Ја прекршивме нормата и не сакавме деца. Потоа рековме: ќе се обидуваме некое време, а потоа: Не можеме да имаме деца – крај на дискусијата. Тоа беше наша мала тајна и ничија работа. Кога би биле искрени и би рекле: Не можеме да имаме деца затоа што едноставно не ги сакаме, би имале тежок конфликт со семејството и пријателите.

Нашите 50 години, накратко, беа совршени. Имавме добри работни места, не се грижевме за пари, ги следевме нашите интереси и хобија. Ако можам да го вратам времето, дали би го направила тоа повторно? Сто проценти да. Илјада пати би го живеела истиот живот.

Ова е моја скромна опсервација:

ГРУПА А: Имаат деца, имаат одличен живот и сѐ е совршено.

ГРУПА Б: Имаат деца, животот е тежок и имаат проблеми.

ГРУПА Ц: Имаат деца и сѐ е во ред.

ГРУПА Д: Ова е група без деца.

Не можам да ги разложам сите овие групи. Заклучокот, според моето искуство, е дека групата Д е секогаш најсреќна и најзадоволна. Секако, има и многу среќни луѓе од групата А. Мојот сопруг почина пред 10 години. Го оплакував и сè уште ми недостига. Но, да се биде без деца значи ова – никогаш не ми го дефинираа животот. Имав силна мрежа на пријатели и толку многу хобија. Можев да одам напред. Животот продолжува, а јас имам исполнет и среќен живот и нов партнер.

Имајте убав ден”.

Нова студија

Според една студија спроведена во Америка, луѓето што одлучуваат да немаат деца се еднакво задоволни од својот живот како и луѓето што имаат. Меѓутоа, луѓето што сакале деца биле малку повеќе осудувачки настроени кон вторите поради нивната навидум себична одлука. Ова може да се должи на некои предрасуди, можеби луѓето кои сакаат да имаат деца мислат дека поединците без деца се себични, можеби тоа е само поинаков начин на живот на кој не се навикнати или можеби мислат дека луѓето без деца не ги сакаат децата воопшто, што не е секогаш точно. И децата не се за секого.

Конечно, мора да запомниме дека ова е животно искуство само на една жена. Она што функционирало за неа, можеби нема да функционира за другите и тоа е во ред. Вие треба да ја донесете вистинската одлука за себе и за вашиот живот.

Извор



912

X