Кога бебињата би имале форум, кои теми би биле хит? Еве некои од нив:

„Се обидува да ме нахрани со карфиол: како да реагирам?!“
„Не сум какал само два дена, како да побегнам од топломер, чепчиња, клизми итн.?“
„СОС!!! Мама спие цела ноќ!“

„Да се обединиме против забраната за кинење на тапетите!“

„Како да ѝ се прикрадете на мачка?“

„Ме спречуваат да го расфрлам песокот за мачката. Компромисно решение, искуства?“
„Ме тераат да одам во 9 во кревет. Каде да се скријам?“
„Моите неавторизирани фотографии се на интернет. Како да се справам со тоа?“

„Одмор во странство. Има ли смисла да се земат и родителите?“
„Зошто ролната тоалетна хартија е доволна само за половина од собата и каде мама има уште парчиња?“
„Што мора да знае мајката со 27,5 години?“

„Кој пробал Павловиќева маст? Многу сакам, но немам можност.“
„Града одвоена од мајката – дали е тоа можно?“
„Дали и вас ве бакнуваат во задникот?“

„Препорачајте логопед за баба.“
„Колку телефони вие сте расипале?“
„Помош! Ми облекоа чевли – како се станува сега?“

„Како да се научам да спијам без пуштање на дојката? Штом ќе заспијам, паѓа.“
„Услуги: Уметничко размачкување на кашичката по лицето.“
„Носот на мојата мајка всушност не е еластичен. Дали е тоа нормално?“

„Помогнете, ми расте коса!!!’“
„Каква положба да се заземе во сон за сите домашни да гледаат во тебе и да се стопат. Да размениме искуства.“
„Дали мама само удира со прстите по тастатурата или тоа нешто значи?“

„Мама, како луда се радува на моите какушки – на кој специјалист да му се обратиме?“
„На 25 години не умее да пее! Има ли помош?“
„На тато не му поминува ќелавоста. Дали е рахитис?“

„Мене пирето од моркови, а за нив чоколада. Има ли правда?“
„Каде е носот? Каде се очите?…Колку повторувања ќе бидат доволни за да научат?“
„Стомакот на мама е огромен. Има ли лек?“

„Анкета за бебиња: што би сакале мама да јаде на новогодишната ноќ?“
„Дали некој ги пробал собните растенија? Од кое да се почне?“
„Како да се спасам од влакната на тато на градите? На влечење реагира со врескање. Посоветувајте безболен начин!“

„Помогнете, мама не може да заспие без моето 40-минутно доење.“
„Се најадов!!!! Како да им го објаснам тоа на родителите?“
„Навистина ни е потребна вашата материјална поддршка: немаме ниту сол ниту шеќер. Сè што јадеме е невкусно“

„Тапшин тапшин… А каков е креативниот потенцијал на вашите родители?“
„Скандал! Новата пелена ме прави подебела! Ве молам посоветувајте нормален модел!“
„Доење и цицање палец истовремено? О, да, можно е!“

„Ме бањаат секој ден. Има ли меѓу вас уште толку валкани?“
„Зошто родителите не дозволуваат прскање во тоалетот?“
„Потребно упатство за расклопување на правосмукалката!“
„Колку често со воодушевување ви вметнуваат нова гадост во устата со радосен звук – ааааам?“

Превод: Весна Смилјаниќ Рангелов

Извор



912

X