Здравје

Кога бебето си ги препознава сопственото име?

Кога ќе пристигнат на светот, бебињата немаат поим колку добра задача сте завршиле со нивното именување. Всушност, тие сакаат нивното име да биде повторувано многу пати во текот на првиот месец од животот пред да сфатат дека зборот е поврзан со нив. Па, затоа има смисла родителот да бара препознавање од страна на детето: Но, кога бебињата си ги препознаваат своите имиња?

Интерактивно дете

Не е потребно многу време за детето да почне да одговара на светот околу себе. Децата се вртат кон гласовите на мајките и татковците и често им возвраќаат со насмевка. А тоа доведува до претпоставки. Родителите може да мислат дека бебињата одговараат на своето име во раниот период од животот (првите 4 месеци), но тоа веројатно не е случајот. Поверојатно е дека обрнуваат внимание на познато и утешително присуство. Но и тоа е добро. Тоа е знак дека слухот на детето е добар, дека искусува мускулна контрола и дека формира однос со вас. Типично, бебето не го препознава своето име до околу 6-месечна возраст. Но, кога ќе се случи, тоа е навистина клучен момент и доказ за соодветно развивање – како и знак дека бебето започнува да напредува и во однос на неговата независност, сè додека целосно не сфати дека сте одвоени суштества, на возраст од околу 4 или 5 години.

Како да му помогнете на бебето да си го научи името?

Помеѓу 5 и 9 месеци, бебето ќе почне да реагира кога ќе биде довикувано. Постојаното кажување на неговото име е докажано како ефективен начин да му помогнете да ја зајакне способноста за одговарање кога ќе биде подготвено за тоа. Тон на глас полн со внимание и љубов, топли фацијални експресии, како и избегнување на прекарите ќе му помогнат на бебето да го поврзе своето име со себеси. Зборувањето за време на родителските активности, како промена на пелените, хранење и игра, додека го именувате бебето, ќе го охрабри да се поистоветува со истото.

Што ако бебето не одговара на своето име?

Ако до возраст од 9 месеци бебето не одговара на своето име, обрнете внимание како тоа комуницира и дискутирајте со вашиот лекар на таа тема. Едноставен тест со одговор на име, реализиран од професионалец, е ефективна алатка за идентификување и дијагностицирање на можни развојни нарушувања. „Од говорна и јазична перспектива, проблемите со препознавање на името може да бидат знак на рецептивно-јазични проблеми, како и одложување во социјално-комуникативните вештини“, вели д-р Кејтлин Рааз, асистент професор за аудиологија и јазично-говорни науки на Универзитетот во Северно Колорадо. Но, добрата вест е дека има низа интервенции.

– Мнозинството модели за рана интервенција се ориентирани кон родителот и семејството. Тоа значи дека терапевтот примарно работи со родителот, обезбедувајќи тренинг и поддршка преку кои тој ќе може да се однесува како терапевт на детето. Овој модел може да биде екстремно ефективен бидејќи родителот е првиот и најважен учител на детето – забележува д-р Рааз.

Автор: Кристиен Дашиел

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top