Бебето обично почнува да гуга на возраст од пет до седум месеци и тогаш ќе почнете да ги слушате првите согласки.

Гласовите се појавуваат по одреден развоен редослед, па затоа слушајте дали ќе чуете „п“, „б“, „м“ и „в“, а подоцна „д“ и „г“.

Гугањето се однесува на звуците кои настануваат кога се додава самогласка на согласка – на пример „гу-гу“ или „ба-ба“.

До осмиот или деветтиот месец гугањето се развива со комбинирање на две согласки, на пример, „му-бу“ или „ду-ву“. До десеттиот месец, гугањето вклучува до пет слога и различни тонови – „гу-иии-ја“ или „ка-да-бу-ба“. Звучи како вашето дете да измислило свој јазик.

Совет

Направете вреќа за гугање, односно изберете играчки кои го поттикнуваат вашето дете да зборува, со кои можете да си играте заедно. Соодветните играчки вклучуваат телефон-играчка, микрофон, огледало, книга што испушта звуци, кујнска крпа што произведува ехо кога зборувате низ неа, кадифени животни (изберете ги оние што даваат јасни звуци како „му“ или „вуф“ ), играчка автомобил („брум-брум“) и рачни кукли.

Извор



912

X