Колумна на мајката Монтана Вимберли, која предизвикува многу различни размислувања и ставови

Пред речиси 5 години донесов одлука да ја исклучам мајка ми од мојот и животот на моите деца и оттогаш неуморно се борам да ги задржам родителските права против оние на бабите и дедовците. Истражував на „Гугл“, читав и читав и кога го правите тоа, доаѓате до генерален консензус дека родителите се злобни и ги користат своите деца како пиони против бабите и дедовците или трети страни кои „само сакаат да ги видат децата“. Има неколку спротивставени мислења, па решив да ги запишам моите чувства.

Најголемата жалба на бабите и дедовците е дека децата се користеле како „пиони“. Тие веруваат дека ова е игра (пионите генерално доаѓаат од шахот) и тие се држат настрана од нивната награда за родителите да победат во „играта“. Некои дури ќе речат дека се работи и за злоупотреба на деца или злоупотреба на постари лица. Ајде да дискутираме за ова.

Од гледна точна на родителите кои се обвинети за вакви работи, ќе ви кажам искрено дека заштитата на нашите деца од злоупотреба, од кој било вид, не значи користење на децата како пиони. Дали сте слушнале баба или дедо да речат дека се „толку депримирани, што мора да го видат внучето за да се развеселат?“ Тоа е емоционална злоупотреба. Моето дете не е ваша доза антидепресив и не е одговорно за вашето ментално здравје. Исто така, има и вербална злоупотреба, а некогаш и физичка. Ќе кажам повторно: заштитувањето на сопственото дете од злоупотреба (или такво однесување), не значи користење на своето дете како пион.

Заштитувањето на детето е буквално еден од најпримарните инстинкти што еден човек може да ги има. Ако вашата свекрва не се двоуми вербално да ве нападне, без разлика дали насамо или пред луѓе, тогаш зошто мислите дека ќе биде љубезна кон вашите деца? Иако е во крвно сродство со децата, сепак изразила разочарување, омраза или друга таква емоција за еден од родителите на децата, што значи за 50 отсто од ДНК на децата. Повторно, за оние во заднина: ако те мразат, не им се допаѓаш, или изразат незадоволство од тебе, тие покажуваат дека не им се допаѓа 50 отсто од ДНК на децата. Заштитата на децата од ваквите луѓе не е игра, се работи за емоциите на децата, за менталното здравје, за општата среќа.

Сега да одиме малку подлабоко – мислите дека бабата и дедото не би биле нељубезни кон детето… тие едноставно те мразат, родителот на детето. Сепак, токму затоа и те обвинуваат дека го користиш детето како пион и дека го тргаш од нив, нели?

Ајде, да ја разгледаме буквалната дефиниција на „пион“, во речникот „Оксфорд“: „Парче од шах од најмала големина и вредност, лице користено од други за сопствени цели“. Ако го нарекуваат детето пион, значи веднаш кажуваат дека вашето дете нема голема вредност. Па, јас ќе речам сè што сакам секојпат кога ќе видам баба или дедо како обвинуваат родител дека детето си го користи како пион. Заштитата на детето не е и никогаш нема да биде дел од малтретирачко однесување. Злоупотребата е многу подлабока отколку само физичка. И бабите и дедовците го знаат тоа. Колку исклучени баби и дедовци сте ги чуле да кажат „Ги разгаливме и расипавме нашите деца, па наша вина е што се такви?“ Тоа ви кажува дека го заштитувате вашето дете од емоционална и ментална злоупотреба.

Родителски инстинкт е да го заштитите вашето дете од лошо и токму тоа и го правите. Понатаму, ако се случи некоја баба или дедо да го чита ова и да ја ниша главата зашто не се согласува, зошто не покажете почит кон родителите и не работите на подобрување на односот со нив прво, пред да ги вмешате децата во равенката? А ако вашиот ум веднаш се насочува кон изнаоѓање навреди или оправдувања за тоа колку „ужасен“ е вашиот син или ќерка или зет или снаа, ве охрабрувам да побарате терапија – бидејќи сигурно е дека не треба да бидете покрај вашите внуци додека активно не го сакате едниот нивен родител, кој е присутен со 50 отсто во нивната ДНК. А првата работа за која треба да разговарате со вашиот терапевт – е зошто го споредувате вашето внуче со парче од игра кое има најмала вредност.

Автор: Монтана Вимберли

Извор



912

X