Често ни долетуваат сеќавањата и мудростите од минатото. Бидејќи денешните „креативни“ деца треба да научат сѐ од своите родители, дојде часот за денешните деца да се запознаат со играњето ластик. Наслов – „Научете ги децата да играат ластик“. Насловот е всушност стар, но опоменувањето е ново. Се опоменуваат родителите, а шемата им е сервирана. Велат – денес сѐ има на интернет. И самиот наслов предизвикува насмевка, особено кога ќе се помислам дека родителите требало да ме научат на таа игра. Дури не беа ни задолжени за купување ластик. Сите игри на овој свет се ширеа со брзина на светлината, без интернет, а се пренесуваа од колено на колено без опомена.

Денес не им помага ниту интернетот. Обожававме да ја играме „Пипи долгиот чорап“. Имавме „Ема, Есес, Есес, Пипи“ – игра во која секогаш ни пречеа момчињата, а ние повеќе сакавме да ја играме токму поради тоа, а не заради самата игра. Никој не знаеше дека „Ем, Есес, Есес, Пипи“ е спелување на зборот „Мисисипи“. Тоа го дознавме дури откако се појави интернетот, а го објасни Миљенко Јерговиќ во „Историска читанка“, која не зборува за реални случки, туку за сеќавања на вистинските доживувања и за стратегијата на заборавањето. Книги сè помалку се читаат, а ластикот е заборавен.

Па, драги денешни родители – прво создајте им навика на децата редовно да излегуваат надвор, а потоа дајте им за почеток пари, сами да си купат ластик. За понатаму најверојатно ќе се снајдат.
Ако биде неуспешно, тогаш не грижете се. Знаеме дека тоа е дупка на самиот пазар, ќе се најде некој што ќе отвори школа за ластик за вашите деца.

Автор: Наташа Мојсиловиќ



912

X