Здравје

Клиника каде што децата учат како да спијат

„Пионерска“ шема во Шефилд им помага на децата да го подобрат нивниот сон за 2,4 часа.

Како оваа клиника за спиење го подобрува животот на семејствата?

– Се будеа буквално 20, 30, 40 пати навечер. Не претерувам. 40 пати навечер беше нормата – вели Жакин, мајка на две близначки.

Близначките Џесика и Џасмин отсекогаш се бореле со спиењето.

– Имаа тежок почеток во животот. Страдаат од хронично повторливи болести, постојано беа во болница – раскажува Жакин.

Но, неспиењето на девојчињата почнало да влијае врз целото семејство.

– Мојот сопруг Џулијан имаше проблеми на работа и едвај успеа да ја задржи. Бевме навистина уморни и исцрпени.

Девојчињата беа испратени на клиниката за спиење во детската болница во Шефилд каде што сестрите дизајнираат рутина за спиење специфична за секој пациент.

– Генерално, тоа е еден вид смирување околу 30 минути, активности за координација на рацете и на очите, проследени со храна за спиење, сирење, млеко, сок од цреша, а потоа релаксирачка бања – раскажува една сестра.

Клиниката во Шефилд има 800 нови пациенти во период од една година.

По една година близначките Џесика и Џасмин имаат мирен сон и спијат и по 12 часа.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top