Глумицата Кира Најтли во интервју за списанието „Баланс“ признава колку е тешко да се биде мајка.
Кира и нејзиниот сопруг Џејмс Рајтон ја имаат тригодишната ќерка Еди, а глумицата се обиде да објасни на кој начин таа го гледа мајчинството.

– Нема ништо секси во тоа што во моментов се обидувам да ја контролирам тригодишната ќерка, така што сега не сум интересна за медиумите – рече глумицата.

 

 

View this post on Instagram

 

Keira’s mom, Keira, James, and Keira’s daughter, Edie.

A post shared by Keira Knightley (@keira_knightley_) on

Мислам дека жените не добиваат доволно признание за менталниот и физичкиот маратон што го поминуваат кога ќе станат мајки – вели Кира.
– Свесна сум дека сум привилегирана бидејќи имам кариера и можам да си дозволам чување за детето, но и понатаму мислам дека мајчинството е многу тешко. Мислам дека е во ред да кажам такво нешто. Тоа не значи дека не го сакам моето дете, туку признавам дека недостигот на сон, хормоналните промени и промените на односот со партнерот се работи кои прават да се чувствувам дека некаде грешам секојдневно. Треба само да се потсетувам дека никаде не грешам, туку дека правам колку што можам, и тоа не е ни малку лесно – раскажува искрено Кира.



912

X