Воспитување

Кира Најтли не ѝ дозволува на ќерка си да ги гледа „Пепелашка“ и „Малата сирена“. Еве зошто…

Холивудската актерка изјави дека некои цртани на „Дизни“ лошо ги прикажуваат жените и им испраќаат погрешна порака на девојчињата

Познатата холивудска актерка Кира Најтли ѝ забранила на својата тригодишна ќерка да гледа цртани на „Дизни“ во кои, според неа, жените се погрешно прикажани. Затоа, нејзината ќерка некое време нема да може да ги гледа „Пепелашка“ и „Малата сирена“.

– Пепелашка чека да ја спаси богат маж. Немој да го правиш тоа! Спаси се самата – изјави Најтли во ТВ-шоуто на Елен Деџенерес.

– Мислам дека песните се супер, но немојте да останете без гласот поради маж. Тоа е она што првично ме нервира бидејќи навистина го сакам филмот. Ја сакам Малата сирена, но останувам на овој став – рече Најтли.

Сепак, таа вели дека на ќерка ѝ не ѝ се забранети сите цртани на „Дизни“. „Барајќи ја Дори“ секогаш може да се гледа, како и „Фроузен“ и „Моана“.

И Кристен Бел, која во „Фроузен“ го позајми гласот за Ана, исто така во јавноста зборуваше за „Дизни“ и феминизмот. Според неа, Снежана дава погрешна порака за согласувањето.

– Секојпат кога ќе го догледаме цртанот „Снежана и седумте џуџиња“, ги прашувам моите ќерки дали не мислат дека е чудно што Снежана не ја прашала старата вештерка зошто мора да го изеде јаболкото? Или од каде ѝ е јаболкото? Ги прашувам и дали не им е чудно тоа што принцот ја бакна Снежана без нејзина дозвола? – вели таа.

– Бидејќи не можете да бакнете некој што спие – додава Кристен.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top