Кети Пери не е од оние мајки што за мајчинството ќе кажат многу малку – таа зборува за своето постпородилно искуство доста директно и искрено. Пејачката и нејзиниот свршеник, актерот Орландо Блум, во август ја добија ќерката Дејзи Доув Блум. Иако Пери беше многу отворена за радоста и чудата што ѝ ги донесе мајчинството, таа е исто така многу реална во однос на помалку убавите делови.

– Никој не зборува за првите шест недели откако ќе го родиш бебето. Боже мој, каков луд и хаотичен период, каков емотивен и физички рингишпил – изјави Пери во шоуто „Џими Кимел лајв“.

Таа објаснува дека нејзиниот албум „Smile“ излезе набрзо по раѓањето на Дејзи, па песните беа малку поразлични отколку на другите албуми.

– Секогаш кога ќе излезеше албум, имаше некаква прослава, забава или вечера. Но, овој пат се породив и го добив најголемиот подарок од сите, а албумот излезе наредниот ден. Бев во болница и не можев да си го избришам ни сопствениот задник. Си реков: „Ова за мене е најнеобичниот ден за објавување албум“ – вели Пери.

Таа беше неверојатно искрена во врска со трансформацијата на нејзиното тело во бременоста.

Кон крајот на август сподели селфи направено во огледало во бањата, на кое се гледа како носи градник за доење и долна облека по породувањето. Во октомври објави фотографија на која е во фустан со шари од крава.

Неодамна таа се појави во шоуто „Во живо со Кели и Рајан“ и зборуваше за нејзиниот живот како тазе мајка. Зборуваше за својата рутина и враќањето на работа.

– Почнав да ја снимам четвртата сезона на „Американски идол“, по пет недели откако се породив. И не го планирав тоа. Беше ужасно интензивно, да се породиш, да се вратиш на работа и да продолжиш да доиш. Си мислиш: „Како сите жени го прават тоа?“ Навистина не е лесно – вели таа.

– Жените се најмоќните суштества на планетата! – заклучува таа, споделувајќи благодарност за силата на мајките и жените.

Извор



912

X