Игротека

Кејт Хадсон ја објави првата фотографија од својата ќерка

Гордата мајка и позната актерка ја сподели првата фотографија од својата ќерка.
За неколку часа стана популарна низ целиот свет, а нејзините родители ѝ дадоа необично име – Рони Роз. И по неколку дена Рони сè уште ги освојува срцата на корисниците на „Инстаграм“, каде што нејзината мајка Кејт Хадсон објави фотографија од неа.


Кога ја прашаа за необичното име што го избра за својата ќерка, Кејт рече:
– Решивме да ја наречеме Рони, по нејзиниот дедо Рон Фуџиква. Тој беше посебен човек и многу ни недостига. Голема чест ни е што ѝ го дадовме името по дедо ѝ.


Кејт веќе има двајца синови од претходните врски.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top