Секој родител има што да каже на оваа тема. Повеќето ѝ даваат предност на вреќата за спиење бидејќи се смета за побезбедна варијанта. Но, ако земете предвид неколку детали, покривка или ќебе исто така е прифатливо решение.

Предности и недостатоци на двата начина за покривање на бебето:

Вреќа за спиење

* Повеќето педијатри препорачуваат вреќа за спиење. Во неа детето не може да се прекрие преку главчето и да спречи довод на воздух.
* Ако детето спие многу немирно, вреќата е идеално решение бидејќи не може да се отскрие.
* Кога е добро завиткано во вреќа за спиење, бебето потешко се врти на стомакот, положба која педијатрите не ја препорачуваат во првите месеци на бебето. Но, вреќата може и да се завитка и да биде неудобна ако бебето е постаро и ако е многу активно при спиењето.
* Внимавајте вреќата да биде со соодветна дебелина според температурата во просторијата каде што спие бебето. Налето потенка, назима подебела – но секако треба да се внимава да не му биде претопло на бебето. Родителите сакаат да ги затоплуваат децата (особено новороденчињата) и да ги завиткуваат во повеќе слоеви (боди, пижами, вреќа и уште едно ќебенце). Добро размислите дали е потребно такво завиткување.

Покривка

* Ако го покривате бебето со покривка, спуштете го со ножињата до долниот раб на креветчето за да не може да се спушти уште пониско и да го повлече главчето под покривката.
* Внимавајте и на тоа детето да не лежи накосо во креветчето бидејќи така може да се случи да се покрие преку главата.
* Ќебенцето и покривката нека бидат што помали за да нема вишок материјал кој би можел лесно да се навлече над главчето на бебето.

Не смее да му биде ни престудено ни претопло

Сеедно дали ќе се одлучите за вреќа за спиење или покривка, најважно е на детето да не му е студено или уште полошо – претопло и да почне да се поти (превисоката температура го зголемува ризикот од ненадејна смрт кај доенчето). Најдобро е да го проверите тилот на бебето и да утврдите дали му студи, дали му е пријатно или претопло.

 



912

X