Родени во 30-тата недела, еднојајчените близначки Кора и Милер биле разделени три недели по раѓањето, а нивната средба по повеќе од 200 дена покажа дека врската меѓу нив ништо не може да ја уништи.

Откако девојчињата биле разделени во период од 200 дена, тие конечно се виделе во кардиолошкиот оддел на детската болница во Атланта.

На преслатката фотографија од нивната средба девојчињата покажаа дека ништо не може да ја уништи нивната сестринска врска додека се гледале в очи и се држеле за раце.

– Кора и Милер знаат неколку работи за силата. Поради престојот на различни одделенија, сестрите не можеа да се видат повеќе од 200 дена. Кога конечно беа споени, тие инстинктивно веднаш се фатија за рака, така што никој не можеше да ги задржи солзите – напишаа официјалните лица од болницата во Атланта на нивниот инстаграм-профил.

– Срцето ми експлодира од среќа – изјави нивната мајка Линдзи Мекој.

На близначките им бил дијагностициран облик на синдром на меѓублизначка трансфузија и селективно ограничување на интраутериниот раст, што влијаело врз нивниот раст во матката. Кора е родена со 1.615 грама, а Милер со само 500 грама. Милер сè уште закрепнува од операцијата во болница, а семејството се надева дека наскоро сите ќе бидат заедно.

Извор



912

X