Игротека

„Ќе ти бидам пријател“ – силна порака од шестгодишник напишана на маица

Шестгодишно момче по име Блејк ја истакнува силата на љубезноста и пријателството уште на првиот училиштен ден. Минатата недела мајката на Блејк, Ники Раџен, објавила на „Фејсбук“ фотографија од својот син со маица на која пишува „Ќе ти бидам пријател“.

Тие заедно одлучиле да ја реализираат идејата. Малиот Блејк сакал маица со точно одредена порака. На својот профил таа веднаш ја споделила фотографијата од синот и неговата портокалова маица со натпис.

– Морам да се пофалам со мојот син. Му реков дека за почетокот на учебната година ќе му направам маица каква што сака. Најмили му се мотивите од кошарка и фудбал – открила Ники, инаку сопственичка на компанија која прави персонализирани предмети и на маиците може да постави што било.

Блејк малку размислил и рекол: – Ќе ми направиш ли маица на која пишува „Ќе ти бидам пријател“ за сите деца на кои им требаат пријатели да знаат дека сум тука за нив?

„Никогаш не потценувајте ја големината на срцето на вашето дете“, стои во објавата под фотографијата на Ники. „Сакам да се осигурам дека сите злоупотребени деца ќе знаат дека имаат барем еден пријател“, рекол Блејк.

Кога мајка му ја направила маицата, тој веднаш ја облекол, а фотографијата завршила на интернет и ги воодушевила корисниците, кои овој гест на детето го сметаат за одличен.

„Кога ја објавив идејата на мојот син, продадов повеќе такви маици и тоа му го кажав на Блејк“, раскажала неговата мајка.

„Одлично. Сега сè повеќе луѓе ќе имаат сѐ повеќе и повеќе пријатели“, искоментирал Блејк.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top