Иако едвај чекате да ги објавите среќните вести, направете го овој момент посебен и незаборавен!

Без оглед дали вие и вашиот партнер планиравте да создадете семејство или малиот беше целосно изненадување, споделувањето на овие вести во секој случај би требало да биде посебен момент. Да се разбереме, партнерот секако ќе биде пресреќен кога ќе чуе вакви вести, но потрудете се тој момент да биде незаборавен!

1. Изненадете го со персонализирана шолја


Доколку утринската рутина на вашиот партнер подразбира задолжително пиење шолја кафе, шолјата на која се испечатени зборовите „Ќе станеш татко“ ќе биде полн погодок.

2. Право во книжарница

Доколку сте страстен обожавател на книги, сигурно нема да му биде чудно да го викнете да ви прави друштво во книжарница. Одете кај делот со книгите за бебиња и едноставно подајте му книга за татковството.

3. Одете на шопинг


Не дека за шопинг ви е потребен некаков изговор, но верувајте, реакцијата навистина ќе вреди. Доволно е да одберете облека со интересен натпис, и тој ќе биде пресреќен.

4. Напред, екипо!

Вашата екипа се шири, па најдобар начин да му ја кажете оваа вест на партнерот е со испечатен текст на неговата омилена маица. Можете да му испратите порака „нов играч наскоро ќе му се придружи на нашиот тим“ со маица на која ќе пишува „Бебе број 1“.

5. Завиткајте го подарокот

На стомакот напишете „леб во рерна“ со кармин. Испратете му порака: „Едвај чекам да го отвориш подарокот кога ќе стигнеш дома“. Нема да може да им поверува на своите очи!

6. Подобро покрај море

Доколку се најдете во близина на море, одете на плажа и во песокот напишете ги своите имиња и реченицата „ Со бебето сме тројца!“

7. Гостин на вечера

Купете помала чинија и ставете ја на масата. Кажете му на партнерот дека специјален гостин ќе ви се придружи во наредните девет месеци. Со помош на истопена чоколада напишете на чинијата „Бебето доаѓа…“

8. Со помош на спомени


Подарете му албум со слики од вашите најдобри моменти, а на крај ставете слика од ЕХО-прегледот со текстот „Најдоброто доаѓа!“

9. Нека биде забавно

Доколку имате пристап на неговиот телефон, променете го звукот на ѕвонењето со бебешки плач. Во текот на ноќта ѕвонете му. Кога ќе стане да се јави, едноставно речете му: „Навикни се, душо!“

10. Тест на изненадување


Тестот за бременост ставете го во кутија и напишете: „Ќе станеш татко!“



912

X