Владата на вчерашната седница го задолжи Министерството за образование и наука да почне постапка за изградба на ново основно училиште во Идризово, Општина Гази Баба, откако усвои информација за потребата да се изгради ново училиште во тоа населено место.

– Владата донесе одлука со која ѝ се укажува на Општина Гази Баба да ги преземе сите активности и да достави барање до Министерството за образование и наука за изградба на ново основно училиште во Идризово за соодветната парцела согласно потребите за бројот на ученици, елаборат за енергетска ефикасност, геодетски елаборат со нумерички податоци за градежната парцела и позитивен извештај за основниот проект – соопшти владината прес-служба.

До изградбата на новото училиште, како што се наведува во соопштението, Владата ѝ препорача на Општина Гази Баба да се води од законските одредби за основното образование и од принципите што произлегуваат од концептот едно општество за сите, како и од заложбите за интегрирано образование, во договор со родителите на учениците да ги обезбеди сите услови што ќе бидат потребни децата да учат таму каде што ќе одлучат родителите.



912

X