На фејсбук-страницата на Центарот за логопедија и рана интервенција Д-р Несторов од Србија, објавен е интересен поглед на моменталната ситуација од аголот на професор д-р Светомир Бојанин. Еве што вели тој:

– Денешните деца не се навикнати нешто да нема или да не може.

Секое одлагање на задоволството е позитивен воспитен чин и ќе им биде корисно во животот на децата. Детето мора да знае и „НЕ“ и „ДА“ уште од првите денови во животот. Сега е можност тоа да им се објасни!

Не се воспитува со зборови, туку со дела.

Никогаш на интернет и во книжарниците немало повеќе „какопедија“ (како ова, како она, зошто ова…) и учебници од популарна детска психологија, а родителите никогаш не биле во поголема дилема како треба да ги воспитуваат децата. Не се воспитува со зборови, туку со дела!

Не потпирајте се на машините и не вметнувајте ги помеѓу себе и детето

Денес се популарни часовите преку компјутер. Сега имаат и часови по говор за децата преку интернет и тие сигурно не се штетни, но не се неопходни. Во оваа ситуација покорисно е детето да го слуша природниот глас на родителот и природниот изговор додека родителите комуницираат со него, додека играат, додека ги именуваат нивните играчки и обрнуваат внимание на нивната лутина. Важно е децата да ги опфатиме со човечки глас. Не потпирајте се на машините и немојте да ги вметнувате помеѓу вас и децата. Ќе има време за експерти, ова нема да трае предолго.

фото: Facebook

Играта е најважната активност на децата

Низ игра го запознаваат и го откриваат животот, но и бараат соработници за таа своја игра. Треба да се живее со децата и да се игра со нив. Колку? Играјте колку што и вие уживате во тоа, а не насила или по распоред. Сепак, бидете повеќе тука едни за други, а помалку со компјутерите и телефоните. Треба да знаете дека детето расте од себе, а ние само помагаме.

Ќе го сопреме коронавирусот само ако живееме СО децата

И ако разговараме и ако се навикнеме да бидеме сами со себе и со своето семејство. Не треба децата да ги заплашуваме, туку да ги научиме како да се однесуваат во вакви ситуации. Денес стресот и депресијата се водечки дијагнози во психијатријата, а уште како млад лекар спознав голема вистина дека стресот не го лекуваат психијатарот и лековите, туку луѓето, семејството и пријателите.

Автор: проф. д-р Светомир Бојанин

Извор

 



912

X