Начинот на живот нагло се менува кога во семејството ќе стигне новороденчето. Новите родители тогаш наидуваат на куп проблеми кои на крајот стануваат причина за кавга. Недостигот на сон и секс, нервозата и емоционалниот стрес го доведуваат заедничкиот живот во искушение, а ситуацијата ја отежнуваат и променетите односи со семејството, послабата меѓусебна комуникација и недостигот на пари, па и општата исцрпеност.

„Тивката миса“ трае пет дена

Половина парови почесто имаат кавги од претходно, а една третина од нив велат дека „тивката миса“ знае да трае и по пет дена. Причина за вообичаените кавги во текот на првата година од животот на детето се докажувањата кој е повеќе изморен и кој родител би требало да стане во текот на ноќта, а 16 отсто од паровите се расправаат и поради недостигот на секс. Бројките покажуваат дека дури 86 отсто од родителите имаат помалку секс откако добиле дете, а чекаат и повеќе од два месеца за повторна интимност во спалната соба.

Нешто помалку од 20 отсто од родителите мислат дека партнерот не им посветува доволно внимание откако стигнала приновата, при што 12 отсто се премногу напнати поради тоа што еден од партнерите врши притисок за водење љубов. На родителите сепак најмногу им пречи недостигот на сон. Додека со текот на времето се разгоруваат страстите под прекривачот, истражувањата покажале дека најмалку шест години не спијат како во времето пред да станат родители.

Мајките спијат еден час помалку, татковците 13 минути помалку

Просечно, едно новороденче се буди трипати во текот на ноќта. Првите три месеци се критични, меѓутоа, и подоцна децата се будат во ноќта кога треба повторно да ги заспиете или се болни, па и родителите имаат попречен сон. И стресот и грижите влијаат врз сонот, но и емоционалниот данок во партнерските односи.

Во првите три месеци по раѓањето мајките во просек спијат еден час помалку, а татковците 13 минути помалку. Дури и кога децата имаат помеѓу 4 и 6 години, траењето на сонот на нивните родители и понатаму е кратко – кај мајките 20-ина минути, а кај татковците 15-ина минути.

Родителите поминуваат 54 минути дневно обидувајќи се да го заспијат детето, што е речиси 14 дена во годината. Со тоа, дневно изодуваат по два километра додека бебињата спијат, годишно поминувајќи дистанца од 28 маратони или 1174 километри. Од исцрпеноста, 11 отсто од родителите признале дека халуцинираат, а 44 отсто забораваат што сакаат да кажат. Осум отсто дури го заборавиле и името на своето бебе. На крајот, 64 отсто од родителите, кога ќе се осврнат на својата прва „родителска“ година, велат дека се импресионирани од себеси земајќи го предвид сето она што успеале да го „преживеат“.

Автор: Ана Вукашиновиќ



912

X