Сувите сливи се многу здрави и богати со витамини и бета-каротен. Го подобруваат здравјето на целокупниот организам, а многу добро дејствуваат и при опстипација (запек). За бебињата се исто така многу добри и би било убаво да им ги воведете во исхраната. Ова се предлози кои бебињата ќе ги обожаваат:

Кашичка од суви сливи и јаболка

Потребно е: 4 јаболка, 10 суви сливи. Подготовка: Јаболката исчистете ги, исечкајте ги и ставете ги заедно со сливите да се варат. Нека се варат 8 минути. Кога ќе се изладат, во блендер, заедно со малку вода, направете кашичка.

Каша од овесни снегулки и суви сливи

Потребно е: 30 грама овесни снегулки и 6 суви сливи. Подготовка: Овесните снегулки гответе ги до вриење, потоа изгаснете го шпоретот и оставете уште 5 минути за кашата да се згусне. Во друг сад згответе ги сувите сливи. По 8 минути се готови. Сè заедно спојте и ставете во блендер кога ќе се излади.

Извор



912

X