Воспитување

Кашички или парчиња храна?

Многу позната сцена: мама или тато го хранат детето со каша, полнејќи му ја устата која е широко отворена и имитирајќи звук на авион. Меѓутоа, хранењето на дете чии родители го користат методот „BLW“ (baby led weaning: baby feeding leader/ предводено одвикнување: водич за хранење на бебињата), изгледа значително различно: детето седи во своето столче, пред него се ставени парчиња храна и тоа се обидува со прстите да донесе храна до устата. Има многу стискање, неред, фрлање и неуспех во целиот тој процес.

Популаризиран во Обединетото Кралство, методот на Гил Рапли и Трејси Муркет сѐ повеќе се користи низ светот. Особено е популарен меѓу младите родители кои бараат поприроден и поудобен начин за послужување цврста храна.

– Методот BLW го поддржува развојот на координацијата рака-око, вештините за џвакање и здрави навики во исхраната – вели регистрираниот диететичар Кленси Кеш Харисон. – Исто така, им нуди на бебињата можност да ги истражат вкусот, текстурата, аромата и боите на различните намирници.

„BLW“ е многу важен чекор за бебињата што придонесува за учење на саморегулација – прекинување на хранењето по постигнување ситост.
„Бебињата што сами се хранат не можат да бидат принудени да јадат повеќе отколку што им е потребно бидејќи јадат сами – вели Наталија Стасенко, педијатриски диететичар. Што се однесува до пристапот во кој родителот го храни детето со лажица, таа вели: „Родителите понекогаш ќе го измамат детето со неколку дополнителни лажици, дури и ако тоа е веќе сито. Често детето ќе научи да јаде повеќе отколку што треба и на тој начин ги губи вештините за саморегулација при внесување храна.“

Примери за најдобра храна за почеток се банана, авокадо, брокула зготвена на пареа, печено исечено јаболко без кора, сочно, масно и меко месо, лосос, омлет исечен на парчиња или ленти пилешко. Малите парчиња се идеални за бебињата бидејќи лесно можат да ги фатат. Дете постаро од 8 месеци наскоро ќе го научи држењето на виљушката за да може да јаде парчиња со големина на залак.

Дали овој метод ја зголемува можноста за задушување?

Повеќето бебиња се изненадувачки вешти во самохранењето, но првата средба со храна може да предизвика рефлекс на задушување кај децата кој не се поистоветува со вистинско задушување. Имено, тоа е нормален безбедносен механизам. Во вакви ситуации родителот не треба да се плаши и нагло да реагира. „Вашето бебе ќе научи од вашата реакција: ако се плашите, и тоа ќе се исплаши“, вели Стасенко. Задушувањето, од друга страна, настанува кога храната ќе се заглави во грлото или душникот, блокирајќи го протокот на воздух. „Ако бебето се задушува, веројатно нема да испушта звуци или да стенка“, вели Петерсон.

За да ги преземете најважните безбедносни мерки, следете ги овие правила:

– Секогаш бидете присутни додека бебето јаде.
– Погрижете се вашето бебе да седи додека јаде.
– Послужете храна која не е премногу тврда. Свежите јаболка се една од најопасните намирници за задушување.
– Посетете курс за прва помош за доенчиња за да се подготвите.
– Не паничете. Бебињата ја чувствуваат паниката на родителите и може да развијат негативни асоцијации за храна. Наместо тоа, останете смирени.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top