Боранијата содржи големо количество на витамин А и манган, како и калциум и витамините К и Ц.
Покрај исклучителната нутритивна вредност, пченката ѝ дава сладок вкус на кашичката, па бебињата ќе ја обожаваат.
Потребно ви е:
– 2 шолји исечкана свежа боранија
– 2 шолји пченка
– Лажичка павлака или кисело млеко
Подготовка:
Исчистената и измиена боранија варете ја 6 до 8 минути во врела вода додека да омекне. Додајте пченка и варете уште 4-5 минути. Кога ќе биде готово, изблендирајте, испасирајте или изгмечете, во зависност од возраста на бебето.
По желба, додајте кисела павлака или кисело млеко.
Се разбира, кашичката се дава откако претходно ќе бидат воведени сите систојки со кои се подготвува.