Постојат неколку карактеристики што укажуваат на тоа дека на вашето дете му претстои голема иднина. Таквите деца можат да станат истакнати уметници, успешни бизнисмени или големи политичари. Вие само треба да го забележите талентот на вашето дете и да му помогнете да го развие.

Ова се карактеристиките на надарените деца:

1. Енергични се – вишокот енергија е еден од знаците за надарени деца. Имаат голем ентузијазам и љубопитни се. Поминуваат помалку време во одмор и спиење.

2. Широко ги отвораат очите – надарените деца секогаш се „будни“ и одржуваат добар контакт со очите.

3. Визуализираат и цртаат – надареното дете секогаш собира информации. Во своите сеќавања ги чува сите работи што ќе ги види. Ако по посетата на одредено место вашето дете детално може да го нацрта без гледање од фотографија, тогаш веројатно има талент. Овој феномен научниците го нарекуваат фотографска меморија. Само 2 до 10 отсто од децата ја поседуваат оваа способност.

Леонардо да Винчи и Галилео Галилеј имале ваков вид стратегии на размислување. Цртале шеми и графикони и така ги визуализирале своите размислувања.

4. Главите им се во облаци – паметните деца не се ангели. Често се преокупирани со сопствените мисли и едноставно не ги слушаат родителите. Исто така, тие се страсни раскажувачи и нивната бујна фантазија обично ги шокира и родителите и наставниците. Но, бујната фантазија е знак за интелигенција.

5. Прозборуваат на рана возраст – прозборувањето на рана возраст покажува дека детето е прилично надарено бидејќи неговиот речник е доста разновиден. Просечно дете почнува да зборува на 2 години. Но, надарените двегодишни деца обично веќе знаат да создадат сложени фрази.

Во ретки случаи децата почнуваат подоцна да зборуваат. Научниците сметаат дека овие деца го имаат Ајнштајновиот синдром. Ајнштајн не сакал да комуницира со луѓето пред да наполни 5 години. Доцна почнале да зборуваат и физичарот Ричард Фејнман и економистот Гери Бекер, кој е добитник на Нобелова награда, како и други истакнати луѓе.

6. Тие се доста друштвени – се смета дека паметните деца се асоцијални. Но, постои термин наречен „социјална интелигенција“. Социјалните гении се способни да градат односи со луѓето околу нив. Ако вашето дете има почит кон другите и може да ги заинтересира своите пријатели, тоа веројатно е надарено.

7. Поминуваат доста време со возрасните – идните гении сакаат да разговараат со возрасните. Обичните деца се резервирани во друштво на возрасните, но надарените ја сакаат оваа атмосфера. Надарените деца често имаат постари другари. Но, дури и талентираните деца треба да комуницираат со деца на нивна возраст.

8. Активни се – идните гении се навистина активни. Тие можат да почнат да зборуваат и да шетаат порано од другите деца. Се смета дека паметните деца го мразат спортот, повеќе сакаат да останат дома и да читаат книги. Но, тоа е грешка. Научниците велат дека надарените деца се немирни и мора да прават нешто. Тоа е нивниот метод за откривање на светот.

9. Сакаат активности што ги развиваат нивните моторни вештини – ова е апстрактно за родителите на двегодишни деца. Ако вашето дете се обидува да реди сложувалки, тогаш имате надарено дете. Фините моторни вештини придонесуваат за развој на висока интелигенција. Запомнете дека треба да внимавате на вашето дете кога си играте со мали предмети.

10. Имаат добра смисла за хумор – смислата за хумор ја открива интелигенцијата. Способноста на луѓето да се шегуваат и да ги разбираат шегите на другите е поврзана со големо апстрактно размислување. Овие деца ќе имаат многу пријатели. Но, понекогаш луѓето кријат стрес и болка зад доброто расположение.

11. Чувствителни се – емотивните деца имаат одлични креативни вештини. Но, нивниот нервен систем е обично преоптоварен поради еден тон информации. Дури и ако вашето дете се однесува како возрасно лице, тоа не значи дека е возрасно лице.

Извор



912

X