Воспитување

Карактеристики на најдобрите татковци

Тој е човекот на вашиот живот, совршено функционирате заедно, но дали е подготвен да се исполни во улогата на татко? Ако се двоумите, погледнете ги овие карактеристики на најдобрите татковци:

Извршува домашни работи

Секако, тоа не значи дека ќе се претвори во домаќинка, но ако е подготвен да ги сподели домашните работи со вас или да се вклучи кога вие не можете, тоа во секој случај е добар знак, особено кога ќе дојде детето.

Функционира под притисок

Кога ќе се најдете во тешка ситуација, секако сакате да сметате на поддршката од партнерот, а не на некој кој ќе седне до вас и ќе плаче. Човек кој може да функционира под притисок или во стресна ситуација веројатно ќе може да го смири бебето кога ќе плаче во три часот наутро.

Тој се грижи за вашите потреби

Никој не бара од партнерот да ги исполни недостижните желби, но ако тој се грижи за вашите потреби и сака да направи сѐ за да бидете задоволни, јасно е дека е подготвен да инвестира во вашата врска и заедничкиот живот, особено со дете.

Тој е одговорен

Доколку е свесен за своите обврски и не е потребно постојано да го потсетувате на нив, тогаш во иднина тој ќе ги прифати и обврските околу детето и еднакво ќе учествува во нив.

Има миленичиња

Можеби ви изгледа сосема неважно, но мажот кој имал или има домашно милениче е навикнат да размислува за туѓите потреби, а не само за своите. Грижата за тоа дали миленикот е сит и искуството во чистењето на влакната… не се исто што и татковството, но се добра основа за таа „улога“.

Забавен е

Ова е многу важно кога доаѓаат деца, треба да бидете креативни, интересни за да ги анимирате малите. Оваа карактеристика е многу важна бидејќи ако гради врска со детето преку забава, тоа ќе биде „најдобриот татко“.

Одлучен е

Кога ќе одлучите да започнете заеднички живот, важно е да знаете дека секогаш можете да сметате на поддршката од партнерот. Кога ќе имате бебе, маж кој е независен и снаодлив нема да мора да ви се јавува на секои две минути за да му објасните како се менуваат пелени или каде е бебешката храна.

Понекогаш ви се спротивставува

Се разбира, само кога навистина не сте во право. Можеби звучи како почесто да се карате, но поентата е во тоа што тој ве „спушта на земја“ со изразување на своето мислење кога тоа е потребно. Исто така, ваквото однесување ќе му помогне во воспитувањето на детето, особено кога ќе влезе во пубертет.

Тој е чувствителен и добар

Едноставно, ако вашиот партнер не одбива да помогне некому кога може, се грижи да не се случи (не)намерно да ги повреди другите, можете да сметате на него да ги научи вашите деца на вистинските вредности. Зарем тоа не е најважно?

Сака да биде добар татко

Едно е сигурно – ако барем има желба да биде добар татко, сигурно ќе успее.

Автор: Сандра Крстановиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top