Воспитување

Карактеристики на данското воспитување на децата

Според едно американско истражување спроведено во 2020 година, Данска, Шведска и Норвешка се на врвот на листата со најдобри земји во светот за воспитување деца. Откријте зошто.

Во Данска имаат сличен пристап како во Норвешка, па затоа не е невообичаено да се видат колички наредени надвор во зима со бебиња што спијат во нив. Данците веруваат во терапевтскиот ефект на децата што спијат на отворено и главно без надзор. Така, мајките честопати ги оставаат количките со детето пред ресторан додека тие вечераат. Тоа е вообичаена практика и во градинките, каде што за време на паузите дворот или терасата од градинките се претвораат во голема спална соба. Данците внимаваат на поврзаноста на децата со природата, па има и градинки под отворено небо, таканаречени шумски градинки.

Исто така, родителите во Данска посветуваат многу внимание на индивидуалноста на детето. Тие ги учат децата сами да се грижат за себе и да се забавуваат. Во Данска нема да видите родители кои трчаат по своите малечки низ игралиштето викајќи по нив: „Внимавај да не паднеш!“ Данците сметаат дека детето мора да падне и дека само така, од лично искуство, ќе научи што е добро, а што не. Освен тоа, многу внимаваат што јадат нивните малечки, а благите работи се ретки, навистина ретки. Многу внимание се посветува на здравата, особено сирова храна.

Исклучување на екраните

Исклучете ги телевизорот и сите електронски уреди. Имагинацијата е незаменлива состојка на играта која има позитивни ефекти.

Создајте стимулативна средина

Истражувањата покажуваат дека комбинацијата на сензорно стимулирачко опкружување и игра промовира побрз раст на кортикалната површина на мозокот. Присуството на материјали кои ги стимулираат сетилата – вид, слух, допир и слично, во текот на играта го поттикнува развојот на мозокот.

Користете ја уметноста

Детскиот мозок се развива кога децата се препуштаат на креативното создавање. Затоа, не покажувајте им на децата како да направат нешто, туку дајте им материјали и додатоци и оставете ги спонтано да создаваат.

Оставете ги слободно да истражуваат на отворено

Обезбедете им што повеќе игра во природа: во шума, парк, плажа, каде било. Најдете безбедни места каде што нема да се плашите да им дозволите да истражуваат слободно. Има места каде што децата навистина можат да ја пуштат својата имагинација и одлично да се забавуваат.

Овозможете им да си играат со деца на различна возраст

Обидете се да им дозволите на вашите деца да се дружат со деца од различна возраст. Ова ја зголемува зоната на проксимален развој и им овозможува природно да достигнат ново ниво преку учење едни од други. Така децата учат да ја водат играта, но и да соработуваат со постарите. Тие учат да учествуваат, но и да ја предизвикуваат играта, усовршувајќи ги самоконтролата и преговарачките вештини кои ни се многу потребни во животот

Оставете ги да бидат слободни

На децата не им требаат игри дизајнирани за нив од возрасни или специјални играчки. Колку повеќе имаат контрола врз играта, колку повеќе ја користат својата имагинација и сами ја водат играта, толку подобри ќе станат. Вештините што ги учат се непроценливи. Толку сме оптоварени со организираните активности на нашите деца и она што тие го учат, што забораваме на важноста на слободната игра. Престанете да се чувствувате виновни што ги оставате да играат мислејќи дека тоа ве прави лош родител. Слободната игра е токму она што им треба на децата.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top