Доколку очекувате бебе во февруари, ова се квалитетите што ќе го красат. Освен што ова е најкраткиот месец во годината, посебен е и поради бебињата кои се слатки и креативни душички. Ако се роди мала водолија (од 20 јануари до 18 февруари), тогаш таа ќе биде независна и креативна, додека рибите (од 19 февруари до 20 март) се познати по својата имагинација, лојалност и сочувство.
Еве кои се предностите на февруарските бебиња и зошто треба да се радувате на раѓањето на детето во овој месец.
Тие се поинтелигентни и наклонети кон образование
Едно истражување покажало дека зимските деца се поуспешни во тестовите за интелигенција. Како што заклучиле истражувачите, „општиот примерок покажал дека зимските деца имаат повисоки резултати во антропометриските мерења на неврокогнитивните варијабли“.
Тие се помирни
Добри вести за сите вас доколку треба да се породите во февруари: бебињата родени во февруари се многу посмирени од другите деца, а тоа го докажува и студија во која учествувале 400 луѓе. Оние што се родени во зима се посмирени, имаат помалку промени во расположението и помалку бурни реакции.
Имаат изразена уметничка страна
Според хороскопот, бебињата родени во февруари се водолија или риби, а овие два знака се поврзуваат со оригиналност и креативност. Дури и да не верувате во астрологија, Канцеларијата за национална статистика на Велика Британија открива дека луѓето родени во овој месец се склони кон уметност.
Имаат големи шанси да станат познати
Едно истражување покажало дека голем број познати личности се родени во знакот водолија. Тоа се Боб Марли, Џенифер Анистон, Шакира, но и некои од најпопуларните американски претседатели како Абрахам Линколн (12 февруари) и Роналд Реган (6 февруари).

Тие ја сакаат својата работа
Истражувањето што го спроведе порталот „CareerBuilder.com“ открива дека возрасните под знакот риби се најзадоволни на своите работни места.
„Престапните“ бебиња се многу посебни
Шансите да се роди бебе на 29 февруари се 1:1641 (или 0,068%), што е неверојатно ретко. Ако роденденот на вашето дете е тогаш (или сте родени на овој датум), тогаш вие или вашето дете сте многу посебни.
Нивниот цвет е љубичица
Овој прекрасен цвет ги симболизира лојалноста и верноста кон вашите најблиски.