„Капитол мол“ подготвува уште едно незаборавно доживување за целото семејство. Викендов, 19 и 20 април 2019, во молот ќе биде организиран интерактивен и забавен настан „Дворот на зајакот Белко“.

Белко ќе дојде по повод Велигден со цел да им покаже на сите кој е изворот на среќата. Тој е договорен со многу пријатели и в петок од 18:00 часот во „Капитол мол“ ќе пристигнат членовите на BREAK A LEG и Белко ќе организира караоке со сите, по што ќе следува детската работилница со „Просветно дело“. Додека, в сабота во 11:00 ќе дојдат феноменалните членови „Поточиња“, по кои ќе има уште една прекрасна работилница со „Просветно дело“.

Покрај одличната забава Белко подготви многу изненадувања и многу награди скриени во неговиот двор во „Капитол мол“. Но, тие ќе ги држи во тајност уште некое време бидејќи подароците се секогаш послатки кога се изненадување.

Од „Капитол мол“ порачуваат: „Ајде да изградиме уште еден дворец на насмевки, љубов и многу, многу среќа“.



912

X