Здравје

Канадски истражувачи тврдат дека и пред бременоста може да се види кои жени имаат поголема шанса за момче или девојче

Новите откритија на канадските научници покажуваат дека е можно да се предвиди, уште пред бременоста, кои жени би можеле да родат девојче, а кои момче.

Притисокот на жената пред да забремени може да биде добар показател дали таа ќе роди девојче или момче, најавиле експертите од Торонто. Досега имало многу стари народни верувања и обиди на стручњаци да го потврдат тоа, но ниту едно не е научно докажано.

По правило, жените со висок крвен притисок почесто раѓаат момчиња, а оние со понизок крвен притисок – девојчиња. Шансите жена со висок крвен притисок да роди момче се за 45 отсто поголеми отколку кај жените со понизок крвен притисок.

– Зошто притисокот влијае врз полот на бебето е многу интересно прашање и ќе се обидеме да ја откриеме причината. Затоа што во спермата се одредува полот, во зависност од тоа дали сперматозоидот го носи хромозомот X или Y – изјавил водачот на истражувањето, Рави Ретнакаран.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top