Камерон Диаз ужива во мајчинството. Актерката (47) отворено зборувала за родителството во шоуто на Џими Фалон, а рекла дека 6-месечната ќерка Редикс е „најдоброто нешто што некогаш ѝ се случило“, како и на сопругот Бенџи Маден.

„Вистински рај“, му рекла на домаќинот на шоуто Фалон, објаснувајќи дека нејзината ќерка расте многу брзо, па сега сфаќа зошто пријателите што имаат деца претходно ѝ кажале да ги вреднува овие моменти.

„Буквално секој ден има нов скок и нова граница… и таа не е истото бебе од вчера“, споделила Диаз. „Каде е вчера? Вчера буквално го нема, а денес е нов ден, а утре ќе биде исто нов ден, а таа сосема различно бебе. Но, многу сум благодарна што можам да го видам нејзиниот раст и да бидам дел од него. Неверојатно е. Ова е најдоброто нешто што ни се случило. Едноставно сме толку многу среќни“, рекла мајката.

Диаз го открила и својот музички вкус откако станала мајка. Иако Маден (41) е музичар и пишува песни за својата ќеркичка, парот (кој стапи во брак во јануари 2015), признава дека се забавува на детска музика овие денови благодарение на нивната ќерка. „Ја пееме песната на Елмо, Бејби Шарк… Лудо е. Си играме сите заедно, а таа го обожува тоа!“

Ѕвездата на „Чарлиевите ангели“ додава дека Редикс има одлично чувство за ритам. „Како да се менува. Кога се возиме во автомобил, Бенџи пушта малку кубанска, афро-кубанска музика, а таа е во нејзиното седиште и нозете ѝ се мрдаат… и јас велам – Да, тоа е моето девојче!“

фото: DONATO SARDELLA/GETTY

Диаз и Маден го најавија раѓањето на Редикс на 3 јануари на „Инстаграм“. Извор близок до нив истакнал дека Камерон и Бенџи ја имаат најдобрата година како семејство, со оглед на сето она што се случува во светот. Тие се одличен тим и сакаат да бидат родители“. Среќната двојка поминува време дома со братот близнак на Маден и член на бендот „Гуд Шарлот“, Џоел и неговата сопруга Никол Ричи. „Со години Камерон сакаше да биде мајка“, додава нивниот извор. „Таа тоа го сака повеќе отколку што замислувала“.

Маден ѝ испеа песна со пофалби на својата сопруга на Денот на мајките годинава, па напиша: „Без разлика дали се буди премногу рано за да се погрижи за сите (3 луѓе и дузина животни) или истражува и чита сè што може за да се осигури дека даваме сè од себе за да бидеме добри родители на нашата ќерка, таа е природна сила и јас сум многу благодарен“.

Автор: Габриел Ченг

Изворславна



912

X