Не е тајна дека кога имаме мало дете, неизбежно е да има и непроспиени ноќи. Дури и кога спијат, родителите се будат на речиси секој звук што ќе го направи бебето – сонот ни е постојано испрекинат кога бебето не може да ја дофати цуцлата или го нервира неговото чорапче или, пак, му е потребна прегратка.

За лице што сака да знае точно колку сон изгубило во сите тие години, постои соодветен калкулатор. Тимот од британската компанија „Хиларис“ лансира калкулатор за да им помогне на родителите да пресметаат колку сон изгубиле врз основа на возраста на нивното дете. Едноставно ја внесувате возраста на детето, а потоа само се клика на копчето за пресметка.

Калкулаторот е основан при истражувањето од страна на компанијата, а може да ви каже и колку пелени имате променето, колку приказни за добра ноќ сте прочитале, како и колку приспивни песни сте испеале. Калкулаторот обезбедува и интересни истражувања за тоа што направиле родителите како резултат на ненаспаноста.

Според „Хиларис“ 1 од 4 родители случајно го ставил својот мобилен телефон во фрижидерот, додека 1 од 9 родители случајно ја лулал мачката мислејќи дека тоа е бебето.

– Некои родители се среќни да имаат дете што ја преспива цела ноќ – тоа е остварување на соништата за сите родители – но за многумина тоа не е случај. Спиењето може да биде предизвикувачко бидејќи многу деца не сакаат да одат во кревет и потребно е повеќе време за да заспијат, а и се будат повеќе пати во текот на ноќта. Без разлика дали сте изгубиле месеци или години сон, сигурна сум дека сите ќе се согласите оти тие непроспиени ноќи биле вредни – изјавила портпаролката на „Хиларис“, Тани Ајронс.

Ако ништо друго, калкулаторот им дозволува на родителите на поголеми (и повеќе) деца да ја користат оваа информација за да се чувствуваат супериорни во однос на новите пријателки-мајки. „Ох, мислиш дека си изморена? Ги гледам твоите 3 илјади часа без сон и те предизвикувам на 6 илјади“. Бидејќи кој не сака да слуша вакви работи кога е исцрпен?

Калкулаторот можете да го најдете овде.

Автор: Џули Скагел

Извор



912

X