На многу родители понекогаш им е тешко да препознаат кога е идеалното време за нивното дете да легне да спие. Токму затоа, новиот калкулатор за детски сон би можел да им помогне на сите да го пресметаат идеалното време за нивните деца да одат в кревет.

На официјалната веб-страница на „Sleepopolis“ можете да најдете калкулатор кој се базира на науката за спиење и го пресметува идеалното време за спиење за вашето дете, во зависност од неговата возраст и времето кога треба да се разбуди.

Имајќи предвид дека спиењето е од суштинско значење за здрав раст на децата, а истовремено помага во развојот на нивното внимание, однесување и меморија, притоа поддржувајќи го целокупното ментално и физичко здравје, многу е важно детето да добива доволна количина на сон. Исто така, на децата им треба многу повеќе сон отколку на возрасните.

Според истражувањата, новороденчињата треба да спијат од 14 до 17 часа на ден, доенчињата од 12 до 15 часа, малите деца од 11 до 14 часа, децата од предучилишна возраст од 10 до 13 часа, децата на училишна возраст од 9 до 11 часа, додека за тинејџерите се препорачува да спијат од 8 до 10 часа на ден.

ТУКА можете да го разгледате калкулаторот и да пресметате колку сон му е потребен на вашето дете.

Извор



912

X