Во Велика Британија е спроведено истражување во 60 основни училишта со цел да се открие колку училиштата имаат влијание врз дебелината на децата.
Сè поголем е бројот на наставници што сакаат да им кажуваат на родителите како да ги хранат децата. Сепак, не постојат докази дека нивните обиди имаат некаков ефект.
Унапредување на часовите по танцување и готвење
Според истражувањето, потребно е наставниците да се фокусираат повеќе на унапредување на часовите по танцување и на часовите по готвење.
Наставниците не треба да трошат време на ситуации кои не зависат од самото образование, како што е советување на родителите, бидејќи нема да има влијание.
Училиштето да поттикне здрави животни навики
Училиштето може да помогне во поттикнувањето здрави животни навики и да создава наставна програма која ќе ги мотивира учениците да се хранат здраво, но од училиштето не смее да се очекува да ги советува родителите.
Целта на семејствата, владата и на другите делови од јавниот сектор е да ги учат децата за значењето на здравата храна и да ги поддржат децата да прават подобри избори во нивниот живот.