Не се договоривме како се однесува вистинскиот маж, па затоа бараме Бред Пит по потреба да се претвори во Ибрахимовиќ, а потоа и во Роки, ако треба, но сепак да биде учен и да се разбира во филозофија.

Додека ние, возрасните, преговараме што треба да значи таа реченица, нашите момчиња прераснуваат во мажи. А нашите мажи во просек се сосема убедени дека цел живот треба да се докажуваат некому.

Добро, ќе се докажуваме, но која страна ќе ја избереме? Пет момчиња во иста конфликтна ситуација. Пет различни реакции:

-Одат, храбро, во борба;
-Стојат настрана;
-Се извинуваат и се обидуваат да го решат проблемот на мирен начин;
-Се вмешуваат поради пријател;
-Не се вмешуваат поради пријател…


Никој од нив не успеал да го задоволи нашиот налов. Сите 5 семејства не се задоволни, особено татковците (кои и самите сѐ уште не го знаат одговорот). Кога се во друштво со други татковци, дури и да е туѓ син – настанува борба, се разбира.

За критериумите не се договориле сами со себе. Едниот е обезглавен, другиот е кукавица, третиот е филозоф, четвртиот е наивен, петтиот е предавник… Никој не е добар.

Мајката сака одличен ученик, послушен, уреден син, одговорен и неконфликтен. Сè е јасно, освен прашањето како се омажила за таткото. Па дури и ако таткото бил според „зрелите“ критериуми на мајката, најчесто го нарекувала „наивен, без способност да се бори за себе, дека израснал во тенџере, дека секоја будала подобро се снаоѓала“.

Не се мајките чудовишта.

И татковците не се неспособни.

Не се договоривме како се однесува вистинскиот маж, па бараме Бред Пит по потреба да се претвори во Ибрахимовиќ, па во Роки, ако треба, но сепак да биде учен и да се разбира во филозофија.

Хм… Додека да сфатиме дека не постои, ги наполнивме момчињата со комплекси.

Нашите мажи се убиваат 3 пати повеќе од жените.

Сакав да прашам: Еве, продавам момчиња, каков вид би порачале? Дали знаете што сакате?

Автор: Снежана Голиќ – педагог

Извор



912

X