Како родители, често се надеваме дека ќе видиме солидни особини во карактерот на нашите деца. Се трудам многу да ги научам моите деца да имаат емпатија и се надевам дека таа ќе се создаде и развива во нивните срца како што растат. Во свет каде што луѓето често не погледнуваат околу себе, јас сакам моите деца да ги гледаат и да се грижат за другите. Сакам да воспитам и израснам емпатични деца.

4 начини да ги научите децата да бидат емпатични

Да ги научите децата да имаат отворени очи и за другите, може да биде вистински предизвик. Да им помогнете да разберат како се чувствуваат другите и како да имаат емпатија, не е секогаш лесно. Сепак, таа задача е полесна отколку што мислиме. Најчесто се потребни мали секојдневни чекори за да се изгради едно емпатично срце.

1. Емпатијата нека биде регуларна тема за разговор

Започнете со дискусија. За да ги научите децата да бидат емпатични, треба да им помагате секој ден. Децата ќе развијат емпатија и сочувство кога ќе ја гледаат почесто. Прашајте го детето дали знае што значи сочувство. Потоа зборувајте за тоа што значи да се покаже сочувство и емпатија. Споделете примери и посочете ситуации кога читате книги, гледате ТВ или додека дискутирате токму на таа тема. Поттикнувајте ги децата да ги гледаат и другите луѓе – навистина да ги видат. Секогаш продолжете го разговорот и запомнете дека е потребно да помине време. Користете ги тие малечки моменти заедно со децата за да ги научите на вредни животни лекции. Љубезноста и емпатијата произлегуваат од малечките работи што ги правиме на дневна основа.

2. Внимавајте на она што го впиваат како информација

Децата се како сунѓери и секојдневно апсорбираат информации. Има различни медиуми кои константно им се достапни на децата преку електронските уреди – телевизија, таблети, телефони. Без да го сфатиме тоа, нашите деца може да набљудуваат одредени модели на тие медиуми кои шират негативна порака. Важно е да ги охрабрувате децата да слушаат поткасти, да гледаат едукативни програми, да слушаат песни итн. Светот нуди многу опции, па ние, родителите, треба да ги водиме децата и да им ги обезбедиме работите што ќе им помогнам во формирањето. Не можеме да го контролираме сето она што ќе го гледаат децата, но можеме да поставиме граници дома.

3. Водете според пример

Ова го велиме постојано бидејќи е основна вистина. Вашите деца ве гледаат цело време. Гледаат како стапувате во интеракција со вашите пријатели, како и со непознати во продавница и слично. Дури и кога мислите дека не ве гледаат и слушаат, тие постојано набљудуваат што правите. Што и да слушнат – тоа ќе го повторат. Дали вие покажувате емпатија кон другите? Дали децата гледаат љубезност во вашите експресии на лицето кога зборувате со другите? Дали гледаат дека работите на тоа да бидете љубезни и емпатични?

4. Преточете ги зборовите во дело

Многу пати зборуваме за нештата, но не секогаш дејствуваме по тие прашања. Еден практичен начин да се преточи емпатијата во дело е да ги вклучите децата во проекти од хуманитарен карактер – донирање храна или смислување љубезни дела кои ќе ги практикуваат секој ден. Размислете за такви опции и почнете со мали чекори. Тие ќе имаат големо влијание врз развојот на децата и врз тоа какви луѓе ќе станат во иднина.

Да ги учите децата за емпатија и сочувство е нешто кое не може да се спроведе во текот на викендот или во текот на една година. Потребни се време и секојдневни чекори за да се градат тие особини. Сепак, како што вашето дете учи, ќе почнете да гледате надеж и ќе се уверите дека детето ќе почне да искажува емпатија и сочувство кон другите. Со тоа им помагате да станат добри, емпатични луѓе. Каква разлика можете да направите во светот ако воспитате една добра личност.

Автор: Кери Снајдер

Извор



912

X