Ана Ѓуриќ, позната како Констракта, е годинашниот претставник на Србија на „Евровизија“ во Торино. Таа со својот тим е во Торино, а само неколку дена по пристигнувањето признала дека ѝ недостига семејството.

„Ми недостигаат семејството, сопругот, децата, зборуваме нонстоп. Уште малку да завршиме овде, а потоа ќе се вратиме на истото како порано“, изјавила Констракта.

Таа избегнува да објавува приватни фотографии на социјалните мрежи, се труди децата и сопругот да ги држи подалеку од јавноста, иако буквално преку ноќ стекна огромна популарност, но она што се истакнува на нејзиниот профил, а што е многу емотивно, е писмото на нејзината ќерка. Нејзината ќерка Лена еднаш напишала писмо за роденденот на мајка си, а во него најискрено открила што мисли за неа.

„Мамо, ти си драга, добра, убава, паметна, дружељубива, забавна, музикална, насмеана, забавна, активна личност.

Ти си многу грижлива личност и иако понекогаш се караме, но јас многу те сакам и за никого не би те сменила бидејќи те сакам што и да ми направиш“, го завршува писмото Лена.

Погледнете ја целата нејзина порака, која дури и ја потпишала, а која очигледно ја воодушевила Констракта:

Извор



912

X