„Утрово застанав“ – движење во Хрватска за невидливата работа што ја завршуваат жените

Во Хрватска се отвори важна тема која ја вознемири јавноста. Се работи за четвртата смена, односно невидливата работа што ја завршува секоја жена.

Се работи за мрежа од граѓански здруженија „Четврта смена – невидлива работа“, кои покренале кампања со цел кревање на свеста на јавноста за секојдневната женска, неплатена домашна работа. Цел е изработка на јавна политика со која ќе се усогласи приватниот и професионалниот живот на жените и мажите.

„Мојата мајка не застана 20 години. На неа беше сè – од 24-часовна грижа за болната мајка до нашето воспитување. Мојот татко воопшто не ѝ помагаше. Сега, кога нејзе ѝ е лошо, приказните се – како може домаќинка да се разболи. Токму затоа е важна кампањата #jutrossamstala“ – вели една жена.

Прашањето што оваа организација го поставува е – Каков хаос би настанал кога жените во Хрватска би престанале да пеглаат, чистат, готват, перат и да се грижат за децата. Истражувањето спроведено во 2017 година, кое го спровела Ксенија Класниќ од Отсекот за социологија при Филозофскиот факултет во Загреб, покажало дека за време на извршувањето на рутинските домашни задачи, кај 83 отсто од испитаните случаи, сите или поголемиот дел од работите ги завршуваат жените. Во 16,6 отсто од случаите партнерите рамноправно ги делат обврските, а мажите сами ги завршуваат само во 0,4 отсто од случаите.

Исто така, податоците укажуваат на постоење изразена родова нерамноправност во завршувањето на семејните обврски поврзани со грижата за деца – во 58,4 отсто од случаите сите или повеќето работи ги завршуваат жените, додека мажите тоа го прават само во 0,2 отсто од случаите. Во останатите случаи, работите се завршуваат заеднички, при што предничат играњето со детето, шетањето со детето, казнувањето и водењето на детето на училиште, градинка и дополнителни активности.

Затоа ова здружение започнало кампања и ги повикува жените под хаштаг „#jutrossamstala“, да го потсетат општеството на хаосот кој би се случил кога едноставно би престанале да ја работат својата четврта смена. Кампањата само што почна, а јавноста е веќе разбранувана.

Извор



912

X