35-годишната Дезире и 42-годишниот Кристофер Харт-Спигал се родители на 20 деца. Нивната приказна е пример за тоа како функционира една голема заедница, исполнета со љубов, предизвици и голема организација.
Тие се запознале во 2013 година, носејќи со себе 11 деца од претходни врски – таа три, а тој осум. Но, наместо да застанат тука, тие решиле да го прошират семејството, па заедно имаат 8 деца, а сега очекуваат и уште едно, со што бројот ќе достигне 20.
– Можеби најголемиот предизвик за нас е да обезбедиме семејството да има доволно храна, вода и струја – вели Кристофер.
Дезире го опишува нивниот дом како „организиран хаос“ и додава дека мора да внимава на сè за да се осигури дека нејзините 19 деца добро се однесуваат.
Дезире пере по две машини алишта дневно, а саботата е резервирана за маратонско перење. Готвењето често трае од еден до три часа бидејќи со секој оброк треба да нахрани огромен број гладни усти.
Еден од најголемите предизвици е одржувањето на резервите на храна и основни потреби. Сепак, децата ја обожаваат големата фамилија и велат дека би им било досадно ако се сами.
Иако често се соочуваат со критики дека имаат премногу деца, Дезире и Кристофер се држат до својата визија. За нив, најважно е да ги одгледаат децата како љубезни и великодушни луѓе.
Инаку, нивното најстаро дете има 22 години, а најмладото дете, освен она што е на пат, има 19 месеци. Живеат во куќа од 340 квадратни метри со пет спални соби и со 17 од 19 деца, бидејќи двете најстари се отселиле.
– Повеќето од нашите пријатели и семејство мислат дека сме луди – вели парот.
912