Сара Волфграм (48) има 14 деца, а оваа мајка, која е угостител и живее во Калифорнија, вели дека нејзиното семејство троши повеќе од 75.000 долари за храна, хипотека, комуналии, облека и сите потреби за семејството, како на пример прашокот за перење – и неделно ја вклучува машината за перење дури 21 пат.

Оваа мајка истакнала и дека месечните трошоци на семејството се најмалку 6.000 долари, а бидејќи се занимава со угостителство, успева да набави многу намирници по пониски цени.

Тие трошат и 2.700 долари месечно за хипотека, 1.200 долари за храна, 2.000 долари за сметки и 400 долари за други потреби.
Сара и нејзиниот сопруг имаат десет ќерки, кои имаат 27, 24, 23, 18, 17, 13 и 11 години, по што се родила Сара, која починала во 2014 година кога имала само три месеци, а по неа се родени девојчиња кои сега имаат осум и шест години. Во ова семејство имаат и четири сина, кои имаат 26, 21, 20 и 15 години.

Сопружниците се заедно 30 години, а двајцата потекнуваат од големи семејства и сонувале да имаат многу деца. Најстарата ќерка Ајв е родена во 1996 година.

Оваа мајка вели дека породувањето е како возење велосипед, но и дека мислела дека ќе престане да има деца откако го родила дванаесеттото дете, што е токму случајот со нејзината ќерка која ненадејно починала кога имала само три месеци.

Меѓутоа, набргу потоа останала бремена и родила девојче, за кое вели дека било како виножито за нивните скршени срца, но тогаш мислела дека никогаш повеќе нема да роди. Сепак, повторно забременила непланирано и на 42 години родила син.

Сара вели дека има голема поддршка во одгледувањето на нејзиното големо семејство, кое вообичаено живее во куќа со шест соби, каде што живеат и нејзините родители.

-Нашето пошироко семејство, чичковци, тетки, братучеди, сите со задоволство ни помагаат. Нашето домаќинство работи како добро подмачкана машина, а мојата најстара ќерка си ја додели улогата да се грижи сите да ги извршуваат своите задолженија. Секој месец, секое дете добива по некоја задолжителна обврска и тие работи ротираат. Но, се разбира, ако забележам дека нешто треба да се направи, јас го правам тоа – истакнала мајката.

Сара вели дека никогаш ништо не оди според планот, па затоа секојдневно ги решава сите предизвици во однос на тоа кому што му треба и се води по тоа да ги средува работите од ден за ден.

Кога станува збор за заштеда на семејниот буџет, таа вели дека клучот е во купувањето облека на попуст, но и купувањето храна по големопродажни цени.

-Вашето семејство е вашето богатство и кога ќе сфатите дека богатството е токму во семејството, тогаш сè оди лесно – гордо заклучила оваа мајка.

Извор



912

X