Срамежливоста е нормална, здрава и е резултат на тоа дека вашето дете е брилијантно усогласено со своите развојни потреби, како и со својот темперамент, односно искуства. Вашето дете во вас бара водство со самодоверба, а тоа се изразува во здравата поврзаност. Без вина и без изговори. Родителот би требало да покаже разбирање и поддршка кон детето во секој момент. Многу деца се прилично срамежливи кога треба да се поздрават со некој што не го познаваат. Можете да направите да се чувствуваат сигурни во тој – за нив, голем момент, така што ќе вежбате дома. Страницата „Родители“ презентира 3 трика за охрабрување на децата самите да се претставуваат.
Генерална проба
Одржете генерална проба дома така што вие сте во улога на „непознато лице“. Замолете ги да ви пријдат и да ви се претстават со: „Добар ден, моето име е…“ Не им е потребно да учат како да се ракуваат, особено во ова пандемско време, туку објаснете им како да остварат контакт со очите и да мавнат.
Играјте
Наредете ги нивните омилени кадифени играчки и нека вежбаат запознавање додека си играат. Прашајте ги дали може да се претстават со некој друг глас и ако работата ја претворите во забава, вашето дете полесно ќе пристапи кон запознавање во реалноста.

Повторување
Повторувањето на имињата на луѓето може да му помогне на вашето дете да ги запомни. Пред да се обрати некому за игра, нека му се обрати по име. Детето нека ја користи таа тактика и во градинка или на училиште бидејќи на тој начин побрзо ќе ги помни имињата.