Респираторниот синцицијален вирус (РСВ) зафати голем број деца.

Вирусот РСВ може да биде опасен за малите бебиња. Многу бремени жени кои имаат мали деца што одат во градинка се загрижени за тоа како вирусот би влијаел врз бебето во стомакот ако постарото дете се разболи. Сè уште се прават истражувања за пренесување на вирусот РСВ на фетусот, како и за развој на вакцина која може да ги заштити трудниците од вирусот РСВ, а еве што открија експертите досега.

– Досега верувавме дека кога бремената жена ќе настине, фетусот во развој е заштитен од плацентата. Сепак, новото истражување покажува дека РСВ може да се пренесе од респираторниот тракт на мајката до белите дробови на фетусот. Откривме и дека ако фетусот во утробата е изложен на РСВ, доаѓа до промена во начинот на функционирање на белите дробови. Тоа доведува до чувствителност на дишните патишта по раѓањето и почести напади на астма – велат експерти кои работат на ова истражување.

РСВ не е вообичаен во бременоста, но ако го добиете, важно е да се обратите кај лекар кога ќе ги почувствувате првите симптоми за да избегнете дополнителни ризици и компликации. Навремената реакција ќе ви помогне и вам и на вашето бебе во развој.

За време на сезоната на РСВ, треба да ги преземете сите мерки на претпазливост, а еве што можете да направите:

  • Мијте ги рацете често и најмалку 20 секунди.
  • Избегнувајте допирање на лицето, очите, носот и устата со неизмиени раце.
  • Избегнувајте близок контакт со болни луѓе.
  • Покријте ја устата кога кашлате и кивате.
  • Исчистете ги и темелно дезинфицирајте ги површините.
  • Останете дома кога имате какви било симптоми на настинка.

Извор



912

X