Сè повеќе родители се прашуваат дали правилно ги воспитуваат своите деца. Според една статистика во САД, ова се најважните работи на кои родителите треба да обрнат внимание за да не одгледаат разгалени деца: да не им даваат сè што ќе посакаат, да им овозможат да работат и да им дозволат да се соочат со неуспех.
Не купувајте му на детето сè што ќе посака, дури и ако можете да си го дозволите тоа.
Изреката „не секогаш го добиваме тоа што го сакаме“ важи и за децата. Родителите треба да бидат свесни за вистинските потреби на детето. Доколку вашето дете сака да добие топка, кажете му дека треба да заштеди пари за да ја купи. Целта е тоа само да сфати дека ништо не е бесплатно.
Научете го да работи вредно и почитувајте ги неговите достигнувања
Дозволете им на вашите деца да работат и да ги почувствуваат сопствените достигнувања. На пример, доколку работат во продавница, тогаш лесно ќе ја научат вредноста на парите. Но, понекогаш родителите несвесно ја занемаруваат вредноста на работата носејќи го детето на дополнителни курсеви по училиштето.
Дозволете им на вашите деца да се соочат со неуспех
Сигурно му се случило на вашето дете да ја заборави фудбалската топка или, пак, да заборави да ја напише домашната задача. Наместо да брзате да ја спасите ситуацијата, дозволете му да го разбере своето однесување. Доколку само ја преземе одговорноста, полесно ќе научи да се справи со неуспехот во иднина.