Одговорот на ова прашање накратко би бил: потешко од родителите. Затоа еве неколку совети од Ана Кандаре Шољага, која таа тема ја обработува и во својата книга „Тинејџери, практичен водич за родители“.

Тинејџерите чии родители се разведуваат имаат разнишана верба во љубовта, блискоста, одговорноста и верноста, накратко во сите оние вредности на кои се обидуваме да ги научиме. Се чувствуваат изгубено и без цел и затоа треба да обрнете внимание да не им отежнувате, туку да се придржувате на овие многу јасни насоки:

*Никогаш не зборувајте им дека се разведувате бидејќи така е подобро за децата (дури и ако тоа е вистина).
* Не залажувајте се дека на вашиот тинејџер му е добро само затоа што не прави проблеми и молчи. Тоа обично е аларм дека никако не може да се справи со целата ситуација, па се повлекува во себе.
* Секако, преземете одговорност за моменталното животно сценарио, без да ги обвинувате другите.
* Не оцрнувајте го другиот родител пред детето.
* Ни случајно немојте детето да го претворате во гласник кој ќе му пренесува пораки на вашиот партнер. Ако не сте подготвени директно да се соочите со него, користете е-пораки или некој друг вид комуникација.
* Не претворајте го детето во пријател или психотерапевт.
* Обезбедете стручна помош и за себе и за вашиот тинејџер.



912

X