Го имам истиот одговор секојпат кога моето родителство е пофалувано или ставено под знак прашалник: „Па“, велам гледајќи низ моите замислени очила, „го изучував родителството на новороденчиња на Јејл“.
Оставам ситуацијата да остане таква, уживајќи во новата почит од страна на публиката, иако знам дека мојата сопруга ќе разјасни дека моите студии се состоеле од само едно (бесплатно) предавање од страна на болницата „Њу Хевен“ на „Јејл“ кога ја добивме нашата ќерка. Сепак, добро е чувството да бидете сметани за експерт по родителство во такви моменти.
Ми дојде како шок кога во 9-те месеци поминати дома како татко другите луѓе постојано ме прашуваа за родителски совет – како јас да знаев што правам. Со самото преживување, мојата комплетна игнорантност премина во мудрост. Кога се работи за нешта како одење или зборување, јас сум тотален морон. Но, во очите на новите родители сум неверојатен. Продолжението на мојот совет е да кажете: „Ох да, ни се случи и нам исто така. Лошо беше. Но, мора да се држите и со текот на времето ќе се смени“, што е токму она што новите родители имаат потреба да го слушнат.
Секогаш сум бил добар во коментирање. Луѓето навистина не сакаат да слушнат нешто од мене, сакаат јас да ги слушам нив, што мене ме усреќува бидејќи моето единствено друго друштво од 9 до 17 часот е бебе и наполнето животно-играчка што ја нарековме Оливија. Сепак, нафрлам по неколку совети од помош, одвреме-навреме. Ги знам сите часови и обуки за родители во соседството и нивните политики за пристапување. Ако ве интересира нешто околу аутистичните деца, јас всушност самиот прашав во библиотека на таа тема. Докторите дури не ни можат да ги дијагностицираат бебињата со аутизам додека не наполнат 18 месеци.
Јас сум во таа фаза кога можам да препорачам продукти и сè уште не сум цинички настроен. Новите родители сакаат да слушаат искуства од луѓе што го поминале сето ова, но постарите спомени не „остаруваат“ добро. Слушаме, се разбира, но советите се сфатени премногу сериозно. Сте го сфатиле „медиумот“, но исто така демонстрирате тотален недостиг на приспособување.
Постојат универзални вистини кои секоја личност што имала дете може да ѝ ги пренесе на друга, но најмногу е од помош советот кој доаѓа од некој што е малку подалеку на патот на кој сте и вие. Средношколец не сака да слуша за искуствата на неговите родители кои се дружеле по часовите, сака да слушне од студент, со надеж тоа да биде некој сладок од спротивниот пол.
Исто е и за новите родители. Треба да мислиме дека искусуваме нешто сосема ново, дека нашите деца растат во специјално време. Ако постарите совети сепак се применуваат, тогаш нашето искуство станува уште поуниверзално и помалку специјално, што е и малку застрашувачко за земање предвид. Ќе стигнеме дотаму со текот на времето, но уште треба да сонуваме. Нашето дете го следи движењето на топката со своите очи – сигурно е гениј.
Навистина е убаво да ги користам неодамнешните искуства за да им помогнам на другите иако знам дека сè што зборувам го измислувам во моментот. Се мислам да започнам нов бизнис – родителски гуру. Сепак, изучував родителство на новороденчиња на „Јејл“.
Автор: Крис Гафнеј