Пред неколку дена се одбележа Светскиот ден на посвојувањето, а славниот Сергеј Четковиќ има две посвоени ќеркички и по тој повод ја раскажа својата семејна приказна – открил дека тој и сопругата Кристина им кажале на девојчињата дека се посвоени.

– Проблемот и бариерата кај сите луѓе е тој страв – што ќе биде кога моите деца ќе дознаат дека се посвоени. Моите ќерки знаат дека се посвоени, од првите денови им раскажував дека постои некое училиште за деца каде што ние сме отишле и тие ни рекле – па каде сте вие досега. Мораш да дојдеш начин на кој најдобро, најблиску, преку некоја бајка ќе им го пренесеш тоа. Луѓето секогаш прават голема работа околу таа приказна, чекаат до 18 години и слично, а не треба така. Кога ја добивме Мила, ѝ рековме: „Ние со сестра ти дојдовме во тоа училиште, те баравме, а ти ја крена рака и рече – еве ме“.

Музичарот истакна дека проблемот често потекнува од самите институции. „Имам многу пријатели што биле на разговор за посвојување, па биле бомбардирани со некои приказни, толку им ја наполниле главата со неважни работи, што на крајот се откажаа бидејќи беа збунети и исплашени. Нема потреба за тоа. Ублажете ги луѓето, посочете им на најдобар начин дека секој треба и може да има свое семејство – вели среќниот татко на двете девојчиња Лола и Мила.

фото извор: Сергеј Четковиќ/ Facebook

И пред две години Сергеј споделил за процесот на посвојување, па меѓу другото рекол: „Нашата единствена желба од првиот ден од заедничкиот живот беше семејство и долго чекавме на тоа. Сакавме да станеме родители, да бидеме среќни и да направиме некого среќен. Наидовме на голема поддршка од родителите и пријателите, а во такви моменти, кога човек носи големи одлуки, секоја поддршка многу му значи. Важно е да се победат предрасудите и менталитетот на ова поднебје, кој нè забавува и нè влече назад. Сметам дека родител не е само оној што го носи детето на свет, туку оној што го одгледува, се грижи за него, неизмерно и безусловно го сака“.

фото извор: Сергеј Четковиќ/ Facebook

Примерот на Сергеј и неговата сопруга го фалат и експертите, кои велат дека детето треба да дознае дека е посвоено – и тоа од своите родители. Најдобро би било детето да расте со тоа сознание, а истото може да му се приближи на различни начини, преку некакви сликовници со приказни за посвојување и слично. Најважно е детето да ја знае вистината и не смее да биде стигматизирано поради неа.

Извор



912

X