Игротека

Како се црта Биби? – илустраторката Маја Џеповска им покажа на дечињата во читалницата „Славко Јаневски“

И денеска се дружевме со прекрасни дечиња во читалницата „Славко Јаневски“ во рамките на манифестацијата Денови на книгата во Центар. Заедно со илустраторката Маја Џеповска, која е дел од тимот на „Светот на Биби“, обрнавме внимание повеќе на цртањето, да им покажеме на првачињата како се црта Биби.

Утре, на последниот ден од манифестацијата, во 13 часот ќе се дружиме со писателката Билјана Црвенковска. Таа ќе одржи работилница за креативно пишување.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top